Медведев: Русија ќе ја даде Украина на суд поради долгот

Претседателот на владата на РФ Дмитриј Медведев.

Претседателот на владата на РФ Дмитриј Медведев.

Екатерина Штукина / РИА Новости
Премиерот на Русија Дмитриј Медведев на 9 декември го даде своето традиционално годишно интервју за новинарите на петте најголеми руски телевизиски канали. „Руска реч на македонски“ го избра најважното од интервјуто на премиерот.

За економијата

Ситуацијата воопшто не е едноставна, иако, повторувам, последниве години не ни беа лесни. Доколку зборуваме за моите оценки, можам да кажам дека антикризниот план профункционира – тој донесе резултат. Тој ни дозволи да го издржиме најсложениот период од годинава. Падот на економијата е запрен. Го поддржавме нашиот финансиски систем, банкарската сфера функционира нормално. Ги поддржавме индустријата и земјоделството.

Тргнуваме од тоа дека следната година ќе растеме. Тоа е релативна оптимистичка оценка за порастот на економијата – некаде под еден процент.

Безусловно, во моментов тргнуваме од реалистичко сценарио (за развој на економијата – заб. ред.). Но, ние би биле лоши раководители, доколку не би имале план Б, па дури и план В, ако е неопходен во таква ситуација.

Нашата економија докажа дека е доволна самата за себе. Земјата може да живее и да се развива дури и во услови на затвореност на меѓународниот пазар за заеми.

За раководителите

Допрва претстои голема работа во врска со системот за декларирање на приходите на раководителите. Ситуацијата со корупцијата не се измени суштински. Тоа е едно од главните зла.

Нашите раководители се навикнати да се возат во поскапи автомобил за разлика од нивните странски колеги. Колите треба да бидат од нормална средна класа.

Владата треба секогаш да носи одлуки за намалување на државната администрација. Според владиниот блок, донесена е одлука за намалување на администрацијата за 10% во 2016 година.

Донесена е одлука за намалување на одморот на државните службеници. Тие и онака се одмораа повеќе од останатите категории граѓани.

За одбраната

Ние навистина во определен период тргнавме кон зголемување на расходите за одбранбениот систем. Тоа е точно, при што тоа беше направено пред пет години. Сметам дека не сме згрешиле во пресметките и дека постапивме апсолутно правилно, зашто во тој период, за жал, состојбата на нашата воена техника, па и состојбата на вооружените сили беа пониски од нивото.

Сега ги доведовме тие расходи до светско ниво и имаме задача да ја опремиме војската со нова воена техника до 2020 година и тоа за 70%, оваа задача ќе биде исполнета. Не може да има никакви сомнежи.

За Крим

Додека беше во состав на Украина, се добиваше желба што поскоро да се замине од Крим. Регионот не беше доволно финансиран.

Она што се случи во Крим со електричната енергија, не може, а да не се нарече геноцид. Тоа е навистина безобразна, апсолутно криминална позиција, како што се вели во народот. Како да се нарече тоа? Свинска работа, поинаку не може да се нарече.

Имаме во план изградба на две нови електрани во Севастопољ и во Симферпољ, така што Крим ќе си има енергија.

За долгот од 3 милијарди американски долари на Украина кон Русија

Имам чувство дека нема да ги вратат зашто се крадци.

Русија ќе ја даде Украина на суд поради долгот. Ќе бара дефолт за кредитот и за сите украински заеми.

Западот потврди дека не верува во платежната моќ на Украина, одбивајќи го Киев за помош при враќање на долгот.

За иднината

Сè ќе биде во ред. Ви ја честитам Новата година што се наближува. Не постојат сомнежи дека ќе ги надминеме тешкотиите.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња