Не смее да се допушти никаков злосторнички, крвав бизнис со тероризмот

3 декември, 2015. Рускиот претседател Владимир Путин во текот на своето годинешно Обраќање до Федералното собрание на РФ во салата „Св. Ѓорѓи“ во Кремљ.

3 декември, 2015. Рускиот претседател Владимир Путин во текот на своето годинешно Обраќање до Федералното собрание на РФ во салата „Св. Ѓорѓи“ во Кремљ.

Рамил Ситдиков / РИА „Новости“
Претседателот на Русија Владимир Путин денес го имаше своето традиционално годишно обраќање во Федералното собрание. „Руска реч на македонски“ ги собра главните тези од говорот на претседателот.

За тероризмот

Русија веќе одамна води борба со тероризмот. Знаеме што е тоа агресија на меѓународниот тероризам (...) Ни беа потребни 10 години за да ги истиснеме терористите од Русија. Се бориме со нивните остатоци. Но, ова зло сè уште се пројавува.

Пред две години беа извршени терористички напади во Волгоград, неодамна експлодираше руски авион над Синај. Заканата на тероризмот се зголемува. Сè уште не е решен проблемот со Авганистан. Ситуацијата во оваа земја е тревожна и не влева оптимизам. Во зона на хаос и на анархија се претворија некои други земји од Блискиот Исток.

Ние сме обврзани да ги уништиме на долг рок, ете затоа беше донесена одлука за спроведување воена операција во Сирија.

Во борбата со тероризмот Русија покажа голема одговорност. Ние сме должни да ги заштитиме своите вредности.

Секоја држава е обврзана да даде придонес во соборувањето на терористите, но не декларативно, туку со конкретни дејствија. Не смее да се допушти никаков злосторнички, крвав бизнис со тероризмот.

За Турција

Знаеме дека Турција си ги полни џебовите за сметка на нафтата која терористите ја крадат во Сирија. Со овие пари се финансираат дејствијата на бунтовниците што ги извршуваат терористичките напади.

Паметиме дека токму во Турција се криеја и добиваа поддршка бунтовниците кои дејствуваа на Северен Кавказ во деведесеттите години од минатиот век. Но, турскиот народ е добар и трудољубив. Во Турција имаме многу пријатели. Тие треба да сфатат дека ние на ставаме знак на еднаквост помеѓу нив и поддржувачите на терористите.

Ние нема да ја заборавиме оваа поддршка на тероризмот. Секогаш сме сметале дека предавството е најсрамна работа. Нека го знаат тоа оние во Турција што стрелаа во грб на нашите пилоти. Сите проблеми можеа да бидат решени на друг начин. Ние сме подготвени за соработка во врска со најчувствителните прашања. Не знам зошто тоа го направиле. Само Алах, веројатно, знае зошто го сториле тоа.

Изгледа Алах решил да ја казни владејачката елита на Турција, одземајќи ѝ го умот и разумот. Но, ние треба да избегнуваме опасни хистерични реакции. Тоа нема да се случи. Во основата на нашите дејствија, пред сè, ќе има одговорност. Нема да тропаме со оружје.

За економијата

Минатата година се судривме со сериозни економски предизвици. Ситуацијата е навистина сложена, но не е критична. Веќе гледаме позитивни тенденции. Се намалува инфлацијата, курсот на националната валута се стабилизираше, индустрискиот комплекс се развива. Но, тоа не значи дека треба да се смириме.

Треба да бидеме подготвени дека надворешните ограничувања и периодот на ниските цени на суровините може да се продолжи. Не треба да се испуштаат и основните тенденции на глобалниот развој. Се формираат нови трговски блокови, се појавуваат нови технологии.

Токму сега се определуваат позициите на земјите во глобалната распределба на трудот. Треба да го заземеме своето место меѓу лидерите. Треба да бидеме лидери во економијата, во технологијата и во другите сфери.

Владата заедно со Агенцијата за стратешки иницијативи треба да ја продолжи својата работа за подобрување на условите за водење бизнис. Со зголемувањето на слободите за бизнисот треба да одговориме на сите ограничувања што ни се создаваат.

За соработката

Заинтересирани сме за широка соработка со странските партнери. Ги поздравуваме инвеститорите, без оглед на сложените услови. За да се дојде до дополнителни можности за зголемување на економските врски, ние ги зголемување интеграциските процеси.

Веќе се наоѓаме на ново квалитетно ниво во рамките на ЕАЕС. Постигнат е принципиелен договор  за заедничка евроазиска интеграциска иницијатива со кинескиот проект за Патот на свилата. Постигнат е договор со Виетнам. Треба поактивно да се соработува со земјите од АСЕАН, ШОС, а исто така и со оние што сакаат да се интегрираат во ШОС. (...) Заедно нашите земји сочинуваат речиси една третина од светската економија. Партнерството треба да се гради на принципите на рамноправност и на почитување на заемните интереси.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.