Русите не сакаат да прават селфи

Russian Defense Ministry Spokesperson Major General Igor Konashenkov gives a press briefing at the National Defense Management Center in Moscow.

Russian Defense Ministry Spokesperson Major General Igor Konashenkov gives a press briefing at the National Defense Management Center in Moscow.

Ria Novosti/Alexander Vilf
Според статистиката, речиси три четвртини од жителите на Русија никогаш не прават селфи, а повеќе од половината не постираат фотографии, дури ни од себеси, на Интернет. Според мислењето на експертите, причините за ова можат да бидат како малата популарност на културата за правење селфи во Русија, така и неувереноста во себе. Уште една можна причина е нискиот степен на приходи: не секој може да си дозволи да си купи смартфон со добра камера.

73% од Русите никогаш не прават селфи, 59% не ги постираат фотографиите на социјалните мрежи, а 40% никогаш не сликаат никакви фотографии на своите мобилни телефони. Оваа статистика ја дава центарот за изучување на јавното мислење „Левада-центар“, повикувајќи се на резултатите од анкетата направена кај повеќе од 1.500 испитаници на возраст од над 18 години.

За младите

Според податоците на „Левада-центарот“, фотографирање автопортрети и постирање на ваквите фотографии во социјалните мрежи е активност што е популарна пред сè кај младите луѓе: 27% од испитаниците на возраст од 18 до 24 години прават селфи неколку пати во неделата, а 15% неколку пати дневно. Во исто време, колку се постари Русите, толку се помалку заинтересирани за селфи. 84% од луѓето на возраст од 40 до 55% и 95% од оние што се постари од 55 години никогаш не направиле селфи.

Според психологот Павел Пономарјов, ова е сосема нормална ситуација. Селфиманијата во нашата земја им е својствена во основа на децата, на тинејџерите, на младите луѓе – кога станува збор за постарото поколение, тие се далеку од оваа култура и немаат потреба од неа. Во целина, во Русија културата за правење селфи е малку распространета и главно станува збор за бодрење на себе и на своите другари, потсетувајќи на своето постоење. „Ова на многумина им е потребно, - вели Пономарјов за 'Руска реч на македонски'. – Згора на тоа, мошне често постојаното фотографирање може да биде признак на искомплексираност, обид за борба со недостигот од внимание. Така што, јас не гледам проблем во тоа што кај Русите селфито не е популарно“.

Самооценка и финансиското прашање

Уште една можна причина за скептичниот однос кон селфито е неувереноста во сопствениот надворешен изглед. Како што вели за „Руска реч на македонски“ стилистот Анастасија Суслова, „Искуството покажува дека луѓето со кои има работено стилист покажуваат поголема увереност во себе, со задоволство ги постираат своите фотографии на Инстаграм и на другите социјални мрежи. Оттука може да се направи заклучок дека немањето желба за фотографирање е поврзано со неувереноста во својот надворешен изглед, зашто сите не се задоволни со својата надворешност“.

Освен тоа, не сите Руси поседуваат технички можности да прават селфи: сите немаат смартфон со квалитетна камера со која може да се фотографираш себеси и да ги ставаш фотографиите на Интернет. Според статистиката што ја поседува компанијата „Евросет“ речиси половина (44%) од продадените смартфони во првата половина од 2015 година не чинеле повеќе од 5 илјади рубли. Згора на тоа граѓаните на Русија не ги користат многу мобилните телефони за активности на социјалните мрежи: резултатите од анкетата што ја има спроведено истражувачкиот холдинг „Ромир“ покажуваат дека само 22% од Русите претпочитаат да ги користат мобилните уреди за комуникација на социјалните мрежи.

Селфи и безбедноста

Без оглед на тоа, според определени признаци може да се заклучи дека вниманието за селфи во Русија расте. Во јули 2015 година МВР на Русија излезе со препорака во која се советуваат граѓаните да обрнуваат внимание на сопствената безбедност за време на фотографирањето – да не прават селфи додека возат, да не се фотографираат на шини итн. Граѓанското движење „За безбедност“ дури и се обрати во Министерството за образование со молба во руските училишта да се организираат предавања за безбедноста при правење селфи, со цел да се заштитат учениците од повреди.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња