Порт-паролот на Министерството за одбрана генерал-мајор Игор Конашенков на брифинг со новинарите во Националниот одбранбен центар во Москва.
РИА Новости / Алескандат ВилфСитуацијата во врска со изјавите за бомбардирање сириски болници од страна на руската авијација ја коментираше на 2 ноември на дневниот брифинг со новинарите претставникот на Министерството за одбрана Игор Конашенков. Пред една недела во медиумите се појави вест за тоа дека во шест градови во Сирија биле бомбардирани болници, изјави тој. По проверката излезе дека болница постои само во еден од нив и тоа во градот Сармина (на северозападот од Сирија).
Конашенков прикажа кадри земени од отворени извори од изградбата на болницата во Сармина во 2014 година и фотографии од истото место направени од руската авијација на 31 октомври 2015 година. „Како што гледате, зградата е цела... Ова се податоци од нашето снимање на 31 октомври 2015 година. Како што гледате, сите згради и градби што ги имало во 2014 година постојат и сега на снимките што беа направени завчера“, забележа Конашенков, посебно укажувајќи на градбата со куполна форма, која добро се гледа како на снимките направени од страна на руските авијатичари, така и на скриншотовите од видеото на болницата во изградба.
Информацијата за тоа дека во ракетен напад од страна на руската авијација се нашла болницата во Сармина се појави во медиумите, повикувајќи се на Syrian Observatory for Human Rights (SOHR) од 21 октомври. Како што се вели во соопштението, жртви на овој напад биле 13 лица, вклучувајќи и двајца вработени во болницата. Сириско-американското медицинско друштво (SAMS) со седиште во САД, а кое управува со болницата, го потврди нападот. Во информацијата за медиумите поставена на сајтот на друштвото на 22 октомври, се говори за „руско бомбардирање од воздух“, кое довело до загинување на двајца вработени во болницата и на 10 цивили. Информацијата беше проследена со неколку фотографии.
На брифингот претставникот на Министерството за одбрана се посомнева во вистинитоста на фотографиите поставени на сајтот на SAMS. Во моментот на објавувањето SAMS не одговори на барањето на „Руска реч на македонски“ да ги коментира изјавите на рускиот воен ресор.
Информацијата за тоа дека руската авијација бомбардирала болница во Самина на 29 октомври ја пренесе претставникот на Стејт департментот Џон Кирби на брифинг со новинарите. Како извор на информацијата тој ги наведе репортажите во печатените медиуми и некои сириски граѓански организации. На прашањето дали тој може да покаже некакви докази за настанот, Кирби изјави дека нема намера да споделува оперативни и разузнавачки информации.
Во руското МНР информацијата за бомбардирање на болницата ја коментираа уште на 22 октомври. Официјалниот претставник на овој ресор Марија Захарова ги отфрли критиките на изворот кој прв ја даде информацијата за нападот на болницата – SOHR. Таа посебно истакна дека SOHR се наоѓа во Лондон. „Како што можеме да видиме Лондон „мошне удобно“ го проследува она што се случува во Сирија, без да излезе на местото на настанот и без да има можност да собира информации на терен“, изјави Захарова.
Според неа, руското МНР во повеќе наврати обрна внимание на дејноста на SOHR, но „за многу медиуми оваа структура служи како проверен и сигурен извор на информации“, без оглед на тоа што многу соопштенија дадени од страна на SOHR се дезавуирани.
Експертите што ги консултираше „Руска реч на македонски“ исто така ја ставија под сомнеж објективноста на SOHR, како и вистинитоста на информацијата што оваа структура ја дава. Виктор Мухаровски, воен експерт, главен уредник на списанието „Арсенал Отечества“ во разговор со новинарот на „Руска реч на македонски“ подвлече дека зад SOHR стои само еден човек – „поранешен бизнисмен“. Претходно медиумите во неколку наврати соопштуваа дека во SOHR, која од почетокот на граѓанската војна во Сирија претставува еден од основните извори на информациите за ѕверскиот режим на претседателот Башар ал Асад кон сопствениот народ работи еден човек = Рами Абдулрахман. Откако пред 15 години емигрирал од Сирија во Британија Абдулрахман раководи со SOHR од своето станче во Ковентри и паралелно има продавница за облека.
Според експертот-арабист и новинар Андреј Олицко, дејноста на SOHR претставува елемент од информациска војна, со оглед на тоа дека податоците од овој извор се често непроверени. Експертите исто така обрнуваат внимание на тоа дека информациите за бомбардирање на цивилни објекти во Сирија од страна на руските воздухопловни сили ги даваат високопоставени претставници на други земји, кои не се придружени со какви било докази. Не се објавуваат, на пример, некакви сателитски снимки и сè останува само на „пусти обвинувања“.
Претходно еден од раководителите на Црвениот крст изјави дека организацијата не поседува каква било информација за бомбардирање од страна на авијацијата врз болници во Сирија.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче