Избори во Украина: нема затоплување на односите со Москва

EPA
Руските политичари сметаат дека локалните избори во Украина што се одржаа изминатиов викенд, а на кои победа прогласи претставничкиот блок на претседателот Петро Порошенко, се доказ за уморот на Украинците од сегашната власт. Според руските експерти, изборите уште еднаш го потврдија расколот помеѓу западот и истокот што постои во Украина.

Претставниците на пропретседателската политичка партија Блок на Петро Порошенко „Солидарност“ (БПП) изјавуваат дека тие победиле на локалните избори во поголемите областни центри и дека ќе имаат најмногу пратеници на локално ниво. Сепак, експертите повикуваат на повнимателен однос кон резултатите на партијата на власт, подвлекувајќи дека тие загубиле во однос на засилувањето на позициите на крајните политички сили – како националистички, така и проруски. Излезеноста на изборите кои се одржаа во неделата на 25 октомври, изнесува 46%. За споредба, на минатогодишните избори за претседател и за парламент овој процент изнесуваше 59%, односно 52% од вкупниот број избирачи.

Рекорден број неправилности

Изборите ја продемонстрираа замореноста  на населението од власта, изјави првиот заменик-претседател за меѓународни работи на Државната дума Леонид Калашников. „Луѓето почна да се изморуваат, од една страна од псевдопатриотската реторика на власта, а од друга страна тие не веруваат дека со избори може да се реши нешто“, подвлекува тој. Од друга страна, парламентарецот Леонид Слуцки, кој е шеф на комитетот за работи поврзани со ЗНД, евроазиски интеграции и врски со сонародниците при Државната дума, смета дека „локалните избори во Украина се одржале со рекорден број неправилности во однос на сите избирачки стандарди“.

Јуриј Бојко, претседателот на „Опозицискиот блок“ (ОБ), која е составена од она што остана од Партијата на регионите на поранешниот претседател Виктор Јанукович, кој често е критикуван за лојалниот однос кон РФ, изјави дека „повалкани и попроблематични избори во земјата никогаш досега немало“. Како што изјави на 26 октомври организацијата Комитет на избирачи на Украина, на изборите биле забележани 1.500 неправилности. Во ОБСЕ изјавија дека изборите, иако проследени со многу недостатоци, сепак „демонстрирале тежнеење кон демократските процеси“.

Раскол на Украина

Оценувајќи ги изборите, Петро Порошенко изјави дека гласањето „не довело до раскол на Украина“, а „обидот на Русија да создаде во државата петта, проруска, колона е неуспешен“.

Сепак, руските експерти забележуваат дека изборите потврдиле дека Украина и понатаму е во раскол. Како што подвлекува во интервју за „Руска реч на македонски“ продеканот на факултетот за светска економија и светска политика при Вишата школа за економија Андреј Суздаљцев, овој раскол е очигледен како во бројот на излезените граѓани (на југоистокот тој е помал, одошто во центарот и на западот од земјата), така и во политичките преференции на избирачите. „На југот и на истокот изби ОБ, додека во центарот и на запад се зацврстува блокот на Порошенко“, вели експертот.

Порошенко загуби?

Резултатите од изборите претставуваат “определена загуба на центристичките делови на украинската политичка елита, која е олицетворение на Порошенко“, изјави за „Руска реч на македонски“ Владимир Жарихин, заменик-претседател на Институтот за земјите од ЗНД. Гласовите кои на парламентарните избори кои беа предвидени за партијата на премиерот Јацењук кој не учествуваше во кампањата, се очекуваше да бидат префрлени на блокот на претседателот, но ги поделија другите партии. На западот тие им припаднаа на националистичките партии, а на истокот тие отидоа кај ОБ. Според експертот, ова може да влијае на силата на коалицијата и да доведе до предвремени избори.

Во исто време, како што вели за „Руска реч на македонски“ директорот на киевскиот Центар за политички истражувања и конфликтологија Михаил Погребенски, тешко дека ќе се одржат предвремени избори. Оние, што можат да сметаат на дополнителни гласови – радикалните националисти од партиите Свобода и УКРОП, а исто така и претставниците на ОБ – ја немаат потребната сила во Радата за да иницираат избори.

Не се очекува затоплување на односите со Москва

Во исто време дури и добрите резултати на ОБ, која кон РФ има поумерена позиција, и која, како што може да се претпостави според Порошенко претставува „петта колона“, не е причина за затоплувањето на односите помеѓу Киев и Москва. Како што забележува Суздаљцев, без оглед на разните „обвинувања за проруски однос“, ОБ не може да ја ревидира својата политика во однос на Москва. Тоа е попречено од „формата на политичкото поле на Украина“. „Таму со вистинска политика можат да се занимаваат само оние што признаваат дека РФ е агресор и дека Русија треба да ѝ го врати Крим на Украина“, укажува експертот.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња