Русија ќе се пробива на универзитетските рејтинзи

Правен факултет на Санктпетербуршкиот државен универзитет.

Правен факултет на Санктпетербуршкиот државен универзитет.

Руслан Шамуков/ ТАСС
За да се влезе во првите сто престижни институционални рејтинзи на високообразовните институции ќе бидат потребни повеќе од десет години, сметаат упатените.

Отсега руските високообразовни институции ќе се стремат кон топ предметните, а не институционалните меѓународни рејтинзи. Вицепремиерот на Русија Ољга Голодец ја објаснува промената на реториката со тоа што руските високообразовни институции „се организирани поинаку“.

„На пример, тешко е во светот да се најде високообразовна институција каде се изучува само медицинска специјалност, а кај нас медицинските факултети се формирани одделно“, изјави министерот на 20 октомври, имајќи го предвид фактот дека во Русија многу високообразовни институции се организирани според гранки и се тесно специјализирани, додека во меѓународните рејтинзи предност им се дава на класичните високообразовни институции, каде се предаваат сите науки.

Според ректорот на московската Виша школа за економија Јарослав Кузминов, за решавањето на оваа задача ќе бидат потребни уште 10-15 години поради методиката со која се формираат светските рејтинзи. „На пример во рејтингот QS 60% од оценките се гласови на експерти“, изјавува Кузминов.Менувањето на тактиката во промоцијата на руските високообразовни институции на меѓународните рејтинзи исто така е поврзано со тоа што, без оглед на извесното зголемување на конкурентноста (на пример во најновиот рејтинг THE влезени се 13 високообразовни институции за разлика од две од минатата година), оние универзитети од Проектот 5-100 тешко дека ќе можат до 2020 година да го исполнат KPI, со цел во првите 100 да влезат најмалку пет на еден од трите најпрестижни меѓународни рејтинзи – QS, THE и Academic.

Сега само една високообразовна институција влегува во стоте, а тоа е Московскиот државен универзитет, кој се наоѓа на 86 место на Academic ranking of world universities. И само МДУ, според ректорот на Вишата школа за економија Јарослав Кузминов, има шанси да влезе во првите сто на QS, каде сега е на 108 место, а на THE се наоѓа на 161 место.

За руските високообразовни институции ситуацијата е многу подобра кај предметните, одошто кај институционалните рејтинзи.

Така, дури три високообразовни институции влегуваат во топ-100 за физика според рејтингот на Times Higher Education – МДУ (56 место), Новосибирски државен универзитет (85 место) и МИФИ (95 место). Во математика влегува МДУ на 66 место.

Во предметните и во регионалните рејтинзи на QS има уште повеќе руски високообразовни институции. Така МДУ го зазема 35 место во лингвистика и 60 место во природните науки. Оваа високообразовна институција се наоѓа на првото место во рејтингот на Европа во развој и Централна Азија и на трето место кај земјите од БРИКС.

Санктпетербуршкиот државен универзитет е на 119 место на рејтингот на QS за уметност и хуманистички науки, петти во рејтингот на Европа во развој и Централна Азија и четиринаесетти кај земјите од БРИКС. Новосибирскиот државен универзитет е на 101 и150 место по физика и астрономија. Московскиот државен технички универзитет „Бауман“ е 23 во Европа и 33 во БРИКС.

Вкупно, во првата стотка високообразовни институции на Европа во развој и Централна Азија има 23 руски универзитети, што е повеќе од која било друга земја од регионот.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.