Како да го освоите срцето на Русинките?

Артем Житенев / РИА „Новости“
„Руска реч“ на своите читатели им дава неколку корисни совети како да дојдат до срцето на Русинките.

Русинките се едни од најубавите жени на светот. Освен што се убави, тие се и одлични домаќинки, грижливи мајки и верни сопруги. Затоа и не е чудно што мажите од целиот свет сакаат да се запознаваат со девојките од Русија. Но, за да не дојде до недоразбирање за време на запознавањето, пожелно е претходно да дознаете нешто повеќе за типичните руски етикеции за однесување. „Руска реч“ на своите читатели им дава неколку корисни совети.

Како да ѝ пријдете на девојка?

На Русинките најлесно може да им се пријде во поголемо друштво. Доколку некој непознат маж го претстави некој од нејзините познаници, девојката ќе има повеќе доверба во него, зашто во Русија важи принципот: „Пријателот на мојот пријател е и мој пријател“.

Доколку немате можност да се најдете во поголемо друштво, со девојката можете да се запознаете и на улица или на некое јавно место. Во секој случај, наједноставно е да ја замолите за помош. На пример, кажете ѝ дека сте странец, дека воопшто не знаете руски и никако не можете да ја најдете Третјаковската галерија или Бољшој театар. Прашајте ја што би ви препорачала да посетите и кои се нејзините омилени места во градот.

Не започнувајте го запознавањето со Русинка со давање комплименти. Доколку претерате, девојката може да се почувствува непријатно и да почне да се прашува што сакате од неа. Сомнежот во вашите добри намери ќе го избегнете доколку побарате некоја мала услуга или ако ја замолите за помош. Во знак на благодарност што ви помогнала, поканете ја на кафе, кажете ѝ дека би сакале да се спријателите со неа и да дознаете нешто повеќе за руската култура.

Како до прв состанок?

Ви честитаме доколку сте успеале да го добиете нејзиниот телефонски број! Бидете внимателни и културни. Не телефонирајте премногу често или во незгодно време, зашто Русинките не сакаат наметливост. Наместо да ја прашате девојката каде е, со кого е и што прави, заинтересирајте се како се чувствува и дали е добро расположена. Така ќе ѝ дадете на знаење дека се грижите за неа, а таа нема да добие впечаток дека сакате да ја контролирате.

Прв состанок

На првиот љубовен состанок бидете учтиви и галантни. Овој совет важи за однесувањето кон сите девојки, а не само кон Русинките. На заборавајте на добрите манири, зашто и тоа ќе ви биде во прилог.

Русинките не се толкави феминистки како Европејките или како Американките. Им се допаѓаат мажи што им ја отвораат вратата и им го придржуваат палтото. На девојката задолжително подарете ѝ цвеќе. За Русинките тоа е мошне важен дел од додворувањето. Барем на почетокот немојте да купувате скапи подароци, зашто девојката може да помисли дека сакате да ја „купите“. Секако, слободно можете да го платите таксито или сметката во кафуле.

Доколку времето е убаво, поканете ја заедно да прошетате, замолете ја да ви ги покаже нејзините омилени места во градот. Низ разговор, од архитектура и историја полека преминете на полични теми, на пример, прашајте ја дали се шетала на тие места во детството и дали е тоа местото што ја врзува за некои спомени. Ваквите сеќавања обично будат позитивни емоции.

Доколку времето не е убаво за прошетка, поканете ја на изложба. Тоа ќе биде вашата шанса да заблескате. Доволно е да запомните неколку интересни детали за уметноста и за културата и да ѝ ги раскажете во незадолжителен разговор. Русинките сакаат образовани и сестрани мажи. Затоа, може да ви биде од корист пред првиот состанок да ги освежите своите знаења.

Какви се Русинките?

Младите Русинки, особено во големите градови, се независни и амбициозни. Тие се интелигентни и сакаат да направат кариера, исто како и мажите. Сепак, семејството им е мошне важно, па затоа поголема шанса имаат мажите што имаат желба за сериозна, подолга врска.

Русинките му посветуваат големо внимание на својот изглед: ниту една девојка што се грижи за себе нема да излезе од дома без убава облека и фризура, без маникир и шминка. Затоа, состанокот закажете го барем еден ден однапред. Потрудете се и вашиот надворешен изглед да биде адекватен. Не облекувајте спортска облека и патики, но, исто така, не облекувајте ни костум и кравата, зашто тоа би изгледало премногу официјално. Најдобар избор е едноставна елеганција во согласност со ситуацијата (смарт-кежуал).

За разлика од Европејките, Русинките никогаш не се натпреваруваат со мажите, не се трудат да докажат дека во сè можат да му парираат на посилниот пол. Нивното гесло е: биди вистинска жена покрај вистинскиот маж. Сепак, имајте на ум дека тоа не значи оти треба да оставите впечаток на мачо-мен.

Почитувајте ги овие едноставни правила, па лично ќе можете да се уверите колку се убави и шармантни Русинките.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња