Шефот на администрацијата на претседателот на РФ Сергеј Иванов смета дека доколку Владимир Путин реши да се кандидира на следните претседателски избори, тој нема да го објави тоа годинава.
„Сметам, многу добро познавајќи го Владимир Владимирович (Путин) дека, доколку тој одново реши да ја објави својата кандидатура, тој нема да ја објави годинава. А и зошто да ја објавува?“, изјави Иванов во интервју за „Фајненшел Тајмс“. Истовремено тој потенцираше дека не го дискутирал ова прашање со Путин.
Сергеј Иванов исто така истакна дека, на пример, Григориј Јавлински веќе објавил дека ќе учествува во претседателските избори и дека тоа, според мислењето на шефот на администрацијата на претседателот, е лош старт.
Претходно Иванов изјавуваше дека Путин има уставно право повторно да ја објави својата кандидатура за изборите во 2018 година, а исто така потенцираше и дека не гледа смисла во одржувањето предвремени избори за претседател.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче