Специјалистите од авиокомпанијата „Сухој“, заедно со индиските колеги ќе иницираат заеднички конструкторски проект за создавање на повеќефункционален транспортен авион. Ова го пренесува РИА „Новости“, повикувајќи се на Михаил Погосјан, шефот на ОАК.
Според зборовите на Погосјан, конкретни рокови за создавање на овој авион ќе бидат договорени „после одржувањето на преговорите“.
„Во 2013 година ја завршивме етапата за подготовка на проектот. Денес се наоѓаме на етапата за понатамошна реализација на програмата и премин на конструирање на авионот“, изјави шефот на ОАК.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче