Извор: AP
160 држави-учеснички на ДННО повикаа на целосно ослободување од нуклеарното оружје поради хуманитарните последици од неговата примена. Нуклеарната петорка е против. ДННО почнува да се клати?
Кога толку голем број држави, односно мнозинството учеснички на ДННО ја потпишуваат иницијативата за хуманитарните последици од примената на нуклеарното оружје, не треба да не се земе предвид нивното мислење, иако ние не се согласуваме со ваквата иницијатива.
Како прво, таа го врти вниманието од реалните проблеми на процесот на нуклеарно разоружување... Зошто оваа тема не беше покрената во 2005 година или кон крајот на минатиот век? Во светот за сето ова време не се случи ништо невообичаено за да се разгледува оваа тема. Се чини дека таа е ставена на дневен ред вештачки за да се доведе до забрана на нуклеарното оружје. Како второ, оваа иницијатива дава премногу големи очекувања во сферата на нуклеарното разоружување, а тоа навистина може да ги заниша основите на ДННО.
Многу држави сега велат дека ДННО има дискриминациски карактер.
Да, тие велат, демек, на нуклеарните држави им е добро. Во исто време како што и останатите ја презедоа обврската да не произведуваат нуклеарно оружје, нуклеарните држави наместо да се разоружуваат, не брзаат да одговорат на повикот на меѓународната заедница за свет без нуклеарно оружје.
Се чини дека тоа има логика...
Да, во таа логика, секако, постои здрав никулец. Но, ваквите оценки се во спротивност со реалноста: и Американците, и ние во последниве 25 години го намаливме количеството на отворено нуклеарно оружје за речиси 85%. А, доколку почнеме да сметаме од 2005 година, ќе видиме дека количеството на отворено нуклеарно оружје е намалено за трипати. Тоа е бавно темпо? Но, колку и да го повторуваме тоа, тие не сакаат да слушнат...
А, нели процесот на нуклеарно разоружување во последно време е запрен?
Доколку зборуваме за нуклеарното разоружување, ситуацијата навистина не е едноставна. За помалку од три години, на 5 февруари 2018 година, ние и Американците треба да ги достигнеме нивоата кои се предвидени во последниот договор за намалување на стратешкото оружје. Се поставува прашањето: што понатаму? На него не може да се одговори:ситуацијата во сферата на стратешката стабилност не е определена. Станува збор, како што многупати сме повторувале, и за американскиот систем ПРО... и за веројатноста за поставување оружје во вселената, и за дисбалансот во сферата на обичното вооружување...
Најверојатно никој не ќе може сега да даде одговор на прашањето за тоа дали е можно да биде склучена нова спогодба во сферата на намалувањето на стратешкото нагазно вооружување. Кај нас барем ова прашање не е ставено на дневен ред.
Постои ли можност за дијалог со САД во врска со ПРО?
Немам информации за подготвеноста на Вашингтон за дискусија на оваа тема. Дијалогот за прашањата за стратешката стабилност на ниво на претседателска комисија, како што е познато, е прекинат. Американците рекоа дека со или без Русија, но системот за противракетна одбрана ќе биде изграден. Исто така тие јасно изјавија дека нема да ги задоволуваат нашите желби за правнообврзувачките гаранции за насоченоста на системот против Русија. И општата состојба во билатералните односи денес не води кон враќање кон дијалогот на оваа тема.
Сметате ли дека сега е зголемена можноста од нуклеарен конфликт?
Не, не сметам. Во светот се нема случено нешто што би можело да стимулира примена на нуклеарно оружје. И Американците и другите нуклеарни земји многу добро ја сфаќаат мерата на својата одговорност.
Од членот 14 од договорот за намалување на стратешкото оружје може да се смета дека системот ПРО е основа за излез од него. Зошто Русија сè уште не е излезена од него?
Ќе потсетам дека во ноември 2011 година, тогашниот претседател на Русија Дмитриј Медведев изјави дека можеме одново да го разгледаме својот однос кон договорот доколку на определена етапа системот ПРО почне да ги тангира интересите на нашата безбедност. Засега, според мое мислење, вакви околности нема. Американскиот систем ПРО сега е во состојба на почетна подготовка.
Изјавата на претседателот на Русија Владимир Путин во документарниот филм „Крим. Патот кон дома“ за тоа дека се разгледувани можностите за доведување во воена готовност на нуклеарното оружје во екот на украинската криза, како да сведочи за тоа дека поседувањето нуклеарно оружје сега има поголемо значење од порано.
Претседателот рече дека оваа варијанта била разгледувана, но од неговите зборови не можеше да се добие впечаток дека нуклеарните сили биле ставени во состојба на зголемена воена готовност...
Уште една остра тема што беше покрената за време на конференцијата се обвинувањата на адреса на Русија за нарушување на Договорот за ракети од среден и мал дострел (РСМД).
Ваквите прашања треба да се решаваат по дипломатски канали... Ние сметаме дека полемиката за оваа тема на конференцијата на ДННО е неумесна, но со оглед на тоа што американските партнери први го покренаа ова прашање, секако, ние како одговор ќе ја изложиме својата позиција.
Од времето на потпишувањето на договорот за ДННО воените технологии отидоа напред. Руската страна ги обвинува САД за нарушување на договорот за ДННО, во делот на ударните беспилотни летала.
Овие американски беспилотни летала во целост влегуваат во делот на ракети со среден и со мал дострел, независно од функцијата што тие ја исполнуваат. Пред да ги произведат ваквите ударни беспилотни летала, американските колеги можеа да дојдат и да предложат амандман на договорот... Но, тие не го сторија тоа и тргнаа по патот на нарушување на договорот.
Тоа значи дека вие допуштате можност за амандмани на договорот?
Во самиот договор е дадена таквата можност. Секоја страна може да дава каков и да е амандман, но тој може да биде донесен само со согласност на противпоставената страна. Во секој конкретен случај ваквите прашања треба да се решаваат одделно. Но, ние немаме намера да носиме никакви амандмани.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче