Ноќните волци доаѓаат во Берлин

Извор: Артјом Геодаќан / ТАСС

Извор: Артјом Геодаќан / ТАСС

На 25 април рускиот мотоклуб „Ноќни волци“ тргнa од Москва кон Берлин. Оваа акција на моторџиите е посветена на 70-годишнината од победата во Големата татковинска војна. Претседателот на мотоклубот Александар Залдостанов – Хирург за „Руска реч на македонски“ изјави дека инспирација за ова патешествие добиле од ветеранот Надежда Кирилова, која целата војна ја поминала на својот мотоцикл.

Од 25 април до 9 мај мотоклубот „Ноќни волци“ организира возење со мотори во чест на 70-годишнината од победата во Големата татковинска војна (Втора светска војна). Маршрутата започнува во Москва и ќе поминува низ Минск, Брест, Брно, Братислава, Виена, Минхен, Прага и ќе заврши во Берлин. „Со оваа акција сакаме да кажеме дека сме против препишувањето на историјата, против тоа ветераните на СС да бидат рамноправни со нашите ветерани“, изјави за „Руска реч на македонски“ претседателот на мотоклубот Александар Залдостанов, кој е познат по прекарот Хирург. 

Сеќавање на ветераните 

22 јуни 1941: што знаеше Сталин?
Дали Сталин го знаел датумот на нападот на Германија врз СССР? Какви извештаи во врска со тоа добивал од органите на државната безбедност? Одговорите на овие прашања со децении ги интересираат научниците. Неодамна беше симнат печатот од државната тајна со нови материјали поврзани со овој проблем.

Идејата на „Ноќни волци“ да стасаат во Берлин на 9 мај се родила во 2007 година. Повод за ова бил запознавањето со Надежда Кирилова, која целата војна ја поминала на мотор. „Ова познанство имаше големо влијание на нас. Таа стасала до Прага во состав на разузнавачкиот баталјон во 9 тенковски корпус, ги паметеше сите со кои служела, местата на кои тие загинале – вели Хирург. – Во 2007 година ние на Надежда ѝ посветивме мотошоу. На него имаше аукција со која планиравме да ѝ купиме стан. За жал таа не го доживеа тој ден. Парите ги наменивме за хероите на современите војни во Авганистан и во Чеченија, на кои државата заборави“. 

Маршрутата на оваа акција на „Ноќни волци“ не е случајна: таа ја следи маршрутата на разузнавачкиот баталјон на 9 тенковски корпус, во кој служела Надежда Кирилова. За време на возењето моторџиите имаат намера да ги посетат гробовите на нејзините соборци. „Некои веќе имаат возено по оваа маршрута, но годинава сакаме да организираме поголема акција“, вели Залдостанов. 

Меморијално возење 

Акцијата предизвика голем интерес во земјите во кои ќе минуваат „Ноќните волци“. Владата на Полска и на Чешка ја критикуваа акцијата, нарекувајќи ја агресивна. “Каква е таа влада која смета дека е провокација да се посетат спомениците на загинатите херои? Тоа е вештачка хистерија која предизвикува обратен ефект. – смета лидерот на 'Ноќни волци' – Полскиот мото клуб, во кој членуваат 30 илјади мотоциклисти, нѐ поддржа. Ние задолжително ќе го посетиме Болинскиот мемориал, посветен на Полјаците, убиени од страна на Украинската востаничка армија – Организација на украинските националисти за време на Втората светска војна“. Хирург вели дека учесниците на акцијата смислуваат разни варијанти доколку настанат проблеми со движењето на колоната, така што тие навреме ќе се разделат.

Сведоштва за ужасите на фашизмот
Павел Маркович Рубинчик се нарекува себеси случајно преживеан. Ветеран на Големата татковинска војна, поранешен затвореник во фашистичките концентрациони логори и во гетото, основач на музејот на Холокаустот, за читателите на „Руска реч на македонски“ зборува за своите сеќавања и за тоа колку пати успеал по чудо да се спаси од смртта.

Уште еден проблем постои во тоа што претседателот на мотоклубот „Ноќни волци“ Александар Залдостанов е еден од иницијаторите на движењето „Антимајдан“, и е влезен во црната листа на западните земји. До последен момент останува неизвесно дали лидерот на „Ноќни волци“ ќе учествува во акцијата. „Засега не ми е решено визното прашање. Сега сум на санкциските списоци на Канада и на САД, ме тргнаа од европските зашто многу луѓе, мои пријатели негодуваа што бев вклучен, - вели Хирург. – Ме тргнаа од официјалните списоци, но уверен сум дека постојат и неофицијални. Барем ми ги прифатија документите за виза. Но, засега ја немам добиено“.

Александар Залдостанов вели дека до последен момент мислел дека нема да се приклучи на акцијата поради големиот број обврски. „Имаме многу акции – во Москва, Орел, Санкт Петербург, Екатеринбург, - појаснува тој. – Но, откако се крена прав, почувствував дека треба да појдам“. 

Колоната започна во Москва од мотоклубот „Ноќни волци“ на 25 април во 12 часот напладне. „На почетокот на колоната ќе појдат 20 мотоциклисти, но јас сум уверен дека ќе ги има многу повеќе, ќе се придружат други луѓе“, смета Залдостанов. – Многумина ќе нè поддржат не поради политиката или некаква пропагандна историја, туку едноставно зашто ќе дојдеме“.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.