Извор: Павел Лисицин / РИА Новости
Претседателот Путин ја укина забраната што во 2010 година ја донесе Дмитриј Медведев за испорака на системите за ПВО С-300 за Иран. Во Москва одлуката на претседателот ја поврзуваат со „суштинскиот напредок“ на неодамнешните преговори за нуклеарната програма на Иран.
Во Високиот совет за безбедност на Иран, според информациите на ТАСС, ја очекуваат испораката на комплексите за ПВО веќе годинава, а иранското министерство за одбрано подвлече дека одлуката на Москва ќе ја зајакне соработката помеѓу двете земји. Во Стејт департментот подвлекуваат дека испораката на С-300 ќе претставува неконструктивен чекор.
Очекувана одлука
Руските експерти ја нарекуваат одлуката на Владимир Путин очекувана и, како и МНР, ја поврзуваат со успехот на преговорите во Лозана, забележувајќи дека Русија се стреми кон заземање на испразнетото место во областа на воено-техничката соработка, која е поврзана со скорешното потенцијално симнување на санкциите против Иран.
Како што смета директорот на Центарот за енергетика и безбедност Антон Хлопков, сега „мнозинството земји кои исто така се гледаат себеси во Иран, ја разгледуваат можноста за тоа како можат да ја развијат својата соработка со Техеран“. Според експертот, одлуката на Русија за С-300 не е последна во однос на Иран.
Стравувањата на Москва
Во исто време постои мислење дека РФ на овој начин му испраќа на Техеран определен сигнал, предупредувајќи го за премногу тесното зближување со Западот. Според Алексеј Арбатов, прв човек на Центарот за меѓународна безбедност при Институтот за меѓународна економија и меѓународни односи, ова претставува „сигнал за тоа дека (Иран – заб. ред.) не треба целосно да се преориентира на соработка со Западот“. Како што забележува експертот, Западот „не може да даде многу нешта кои може да ги даде РФ“. Ова, во прв ред, се однесува на системите за вооружување. Ваквите чекори силно ќе бидат осудувани од страна на Израел и од монархиите од Персискиот залив, од кои зависат Европа и САД.
Во Москва се стравува дека Иран ќе се сврти кон Западот и дека нема да обраќа внимание на интересите на Русија. „Згора на тоа, за сопствените интереси ќе нанесува штета на РФ. На пример, ќе излезе на пазарот за нафта и гас, што ќе повлече намалување на цените и ќе му се претстави на Западот како алтернативен извор во однос на РФ“, претпоставува Арбатов.
Какви ракети и кога
Се поставува прашањето и за тоа какви ракети и кога РФ ќе му испорача на Иран. С-300 во модификацијата ПМУ-1, како што изјави за „Руска реч на македонски“ заменик-директорот на Институтот за политичка и воена анализа Александар Храмчихин, веќе не се произведуваат. Ќе се согласи ли Иран да добие комплекси со друга модификација е нејасно, со оглед на тоа дека Техеран претходно одбиваше слични предлози.
Притоа, според мислењето на експертот, тешко е да се испорачаат комплекси кои се слични на понудените и кои веќе се наоѓаат во вооружувањето на армијата на РФ, со оглед на тоа дека тие ќе треба да се преработат во голема мера. Сепак и тоа преработување е нереално за некој прифатлив рок, смета Храмчихин.
Се појавуваат проблеми и во врска со испораката на посовршените комплекси С-400. Според експертот, руските претпријатија со капацитетот што го имаат нема да можат едноставно да се справат со производството поради пренатрупаноста со нарачки во рамките на програмата за модернизација на армијата до 2020 година. Храмчихин смета дека во ваков случај испораката може да биде одложена за 8 до 10 години, што тешко дека ќе биде прифатливо за Техеран.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче