Извор: Press Photo
Руските експерти констатираат дека процесот на нормализација на руско-европските односи се одвива мошне несигурно, а некои сметаат дека тие воопшто и не покажуваат никаков напредок.
„Гледам внимателна динамика во подобрувањето на односите, што е поврзано со промената на позициите на некои земји. Пред сè тоа се Грција, Унгарија, Кипар, а исто така и Италија. Сепак мнозинството земји од ЕУ, вклучувајќи ја и Грција, продолжуваат да се придржуваат на цврстите позиции“, вели заменик-директорот на Центарот за комплексни европски и меѓународни истражувања при Вишата школа за економија Дмитриј Суслов.
„Веројатно налето санкциите ќе бидат продолжени, со оглед на тоа дека како прво 'балтичката оска' во ЕУ е мошне силна, а како второ до јуни не се очекува какво и да подобрување на ситуацијата во Украина“, вели научниот раководител на Европскиот институт на Московскиот државен институт за меѓународни односи Олег Барабанов.
Во оваа ситуација силите во Русија кои се залагаат за цврст однос на санкциите на ЕУ, сметаат дека доколку не може да се измени политиката на Брисел, тогаш таа треба да се скрши. И се надеваат да го искористат грчкиот премиер Алексис Ципрас како алатка за пробивање на ѕидот. „Некои земји од ЕУ едноставно се плашат да го покренат прашањето за симнувањето санкции во Брисел.- вели Олег Барабанов. – Ципрас е прв лидер од ЕУ кој не се плаши отворено да зборува за тоа. И, доколку не му ги врзат рацете, тогаш другите незадоволни страни можат да го следат неговиот пример“.
Ципрас, пак, од своја страна е подготвен да ја преземе врз себе улогата на алатка за пробивање на sидот – тој на власт дојде под паролата за откажување од понатамошните намалувања на расходите, што веќе предизвикува сериозен конфликт со ЕУ. Доколку тој почне да ги исполнува предизборните ветувања, тој нема што да изгуби во однос на нарушувањето на европската солидарност. „Грција во секој случај е на работ на дефолт. Тој може да се пролонгира на неколку месеци, но е неизбежен“, вели Олег Барабанов.
Сепак, прашањето е во тоа што Русија може да му понуди на Ципрас за улогата на алатка за пробивање на ѕидот. „Само голем кредит – никакви испораки на земјоделски производи или проекти поврзани со гас тука нема да можат да помогнат. На Грција ѝ се потребни пари за да ги преживее првите месеци на расколот со ЕУ и да има средства за исплата на плати и на пензии – некаде околу 4 милијарди долари“, вели Олег Барабанов.
Според официјалните податоци, Ципрас во Москва не го поставил прашањето за кредит, но Русија од своја страна изразила подготвеност финансиски да ѝ помогне на Грција. Секако, не во вид на кредит, туку како инвестиција во грчката економија.
Помош можеби и нема да биде потребна
Впрочем, некои експерти се сомневаат во потребата од тоа Грција да биде алатка за пробивање ѕид. Станува збор за тоа дека за Москва е неприфатлив самиот метод на завршување на санкциската војна преку фронт со одделни земји-членки на ЕУ. „Во ваква ситуација расколот во ЕУ ќе биде очигледен, така што ЕУ силно ќе ослаби, - вели експертот на Меѓународниот институт за хуманистичко-политички истражувања Владимир Брутер. – За Москва нема ништо позитивно во тоа“. Како резултат, вакуумот што се образуваше ќе биде пополнет со антируски сили, а тоа се однесува на Велика Британија.
Наместо тоа, Москва треба напорно да работи токму на изменувањето на европскиот приод. Меѓу другото таа тоа може да го стори и преку земјите од Европа кои покажуваат симпатии кон неа. Во овој план добар инструмент би можел да биде симнување на ембаргото за прехранбени производи за оние земји кои отворено настапуваат за прекинување на европските санкции. „Доколку земјите, како што е Грција, јасно и гласно зборуваат за потребата од симнување на санкциите против Русија, доколку Москва го прекине едностраното ембарго за увоз на земјоделски производи од Грција, тогаш и другите земји ќе се залагаат за минимизирање на санкциите. Но, тоа е долг процес“, се согласува Дмитриј Суслов.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче