Во НАТО изјавија дека Турција попусто се надева на безусловна поддршка од Алијансата во случај на војна со Русија, пишува „Дер Шпигел“.
Министерот за надворешни работи на Луксембург Аселборн изјави за изданието: „НАТО не е обврзан во однос на неодамнешниот судир меѓу Русија и Турција да се вмеша во ескалација на конфликтот со Русија“.
Според зборовите на политичарот, Повелбата на НАТО ги обврзува државите да се застапат за сојузникот единствено ако тој е „директно и недвосмислено подложен на напад“. Притоа министерот прецизира дека го изразува солидарното мислење на членките на Алијансата.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче