Извор: Виталиј Кузмин
Мобилниот систем кој личи на необична сеалка функционира при секоја препрека, на повеќе дијапазони од програмскиот радиус. Системот користи средства за детектирање на тешко забележливи цели со мали димензии, меѓу кои се и хиперсоничните, како и оние што се произведени според стелт-технологијата. Небо-М е наменет за решавање борбени задачи на противвоздушната одбрана и за радиолокациско обезбедување на противавионските ракетни единици.
Небо-М е целосно автоматизиран, обработката на информациите се врши дигитално. Кога системот ќе ја забележи целта, во состојба е самостојно да го класифицира (дали е тоа авион или ракета), а потоа информацијата за видот на целта да ја испрати до борбената посада или до распоредените ПВО системи за кои Небо-М може да служи како покажувач на целта.
Засега не се знае каде точно ќе бидат стационирани овие радиолокациски системи, сепак, може да се претпостави дека Небо-М ќе биде лоциран на Арктикот.
Според Сергеј Грињаев, генерален директор на Центарот за стратешки проценки и прогнози, нова закана за безбедноста на Русија претпоставува можната воена конфронтација на Арктикот.
Состав на системот Небо-М
— РЛМ-М — РЛС со метарски дијапазон на шасијата БАЗ-6909-015;
— РЛМ-Д — РЛС со метарски дијапазон на шасијата БАЗ-6909-015;
— РЛМ-С — РЛС со метарски дијапазон исто така на шасијата БАЗ-6909-015;
— КУ РЛК — кабина за управување со РЛ-системи со модул вграден во секундарниот радио локатор (КВРЛ) на шасијата БАЗ-6909-015.
Еден од најопасните постоечки стратешки правци за обезбедување сигурна одбрана на Русија е правецот на географската ширина на поларниот круг. Освен тоа, ледената капа овозможува прикриено придвижување на подморниците со нуклеарни ракети на границата за нивна примена, истакнува за „Руска реч на македонски“ стручњакот.
Развојот на системи за РЛС на Арктикот во целост се вклопува во новите цели и задачи на коригираната руска воена доктрина.
„Русија не планира да го намали своето присуство во овој регион и одбранбената компонента тука ни приближно не е на последно место“, смета Грињаев.
Русија веќе започна со распоредување на формации на Единиците за космичка одбрана (ВКО) на Арктикот и со изградба на радиолокациска станица (РЛС) за системот за предупредување за ракетни напади на Крајниот Север (во Воркут). Неодамна на Арктикот беа поставени нови радиолокациски станици со површински бранови „Подсолнух“ („Сончоглед“) кои „гледаат“ зад хоризонтот.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче