Ехо од Олимпијадата во Сочи

Извор: Григориј Сисоев / РИА Новости

Извор: Григориј Сисоев / РИА Новости

Што стои зад успесите на руските спортисти: талентот на тренерот или ефектот од инвестициите во Олимпијадата?

Во поолимписката сезона руските спортисти во зимски спортови постигнаа неколку високи резултати. Во низа случаи станува збор за оние дисциплини каде Русите одамна немале успех.

За почеток факти: 

Скијање. Слалом. Александар Хорошилов. 31 година. Победа на етапата на Светското првенство (Шладминг, Австрија, 27.1.2015). Руските скијачи никогаш претходно не успеваа да дојдат до моментот на учество на Светското првенство. Последните слични успеси датираат од 1978-81 година. 

Лизгање. Спринт.  најдобар резултат во историјата во овој вид спорт!) на етапите на Светското првенство 2014-2015 на 500 и 1000 метри. Последниот голем успех на Русите во спринт е од 2006 година. Тогаш Дмитриј Дорофеев (сегашниот партнер на Павел Кулижников) го освои среброто на Олимпијадата во Торино на 500 метри. 

Санки. Семјон Павличенко. 23 години. Светски шампион во санкање (Сигулда, Латвија, 15.2.2015). Руските спортисти не освоиле злато на светски шампионат никогаш. Единствен советски шампион беше Сергеј Данилин (1981 година). 

Сноубординг. Андреј Соболев. 25 години. Шампион во паралелен велеслалом (Крајшберг, Австрија, 23.1.2015). Руските сноубордисти никогаш не победиле на светски шампион. Најдобар резултат кај мажите е бронзата на натурализираниот Американец Вик Вајлд во 2013 година. 

Руски Јусејн Болт 

Додека во санкањето и во сноубордот високите резултати кај мажите во последниве години не се реткост (сребро за Аљберт Демченко и две злата за Вик Вајлд на Олимпијадата во Сочи), пробивањето во скијање претставува вистинска сензација. Сè до оваа сезона секое влегување на Александар Хорошилов во првата десетка на Светското првенство можеше да се смета за успех. 

Спортските вундеркинди на Русија
„Руска реч“ ви ги претставува спортските вундеркинди кои успехот во сениорската конкуренција го постигнаа мошне млади. Шарапова, Кириленко, Аљошин и Акинфеев зборуваат за тајната на својот успех.

Ситуацијата со лизгачот Кулижников е сосема поинаква. За овој млад човек почна да се зборува уште во 2012 година, кога го освои златото и среброто на јуниорското Светско првенство. За волја на вистината, речиси веднаш потоа Павел беше дисквалификуван од натпреварувањата на две години. Допинг-контролата покажа дека во организмот на рускиот спринтер има супстанција што се нарекува метилхексанамин. Павел издржа две години. И почнувајќи од првиот старт на Светското првенство 2014/15 почна постепено да ги „убива“ ривалите. Победата на Кулижников на февруарското Светско првенство министерот за спорт Виталиј Мутко го спореди со триумфот на Јусејн Болт – на трасата Павел навистина изгледаше како човек од некоја друга планета. 

Работа со резервите 

Но, дали само талентот и тренерската интуиција имаат влијание во ваквите случаи? Можеби ефектот од милиони долари потрошени за подготовката на олимпијците и на нивните резерви не завршија откако беше изгаснат олимпискиот оган? Рускиот министер за спорт го дели она мислење. „Овие резултати зборуваат за тоа дека победата на руската репрезентација на Олимпијадата во Сочи е заслужена. Ние продолжуваме да формираме резерви за националниот тим. А, потенцијалот на нашите резерви е многу висок“, вели Мутко на официјалниот сајт на Министерството за спорт на РФ. 

Експертите што ги консултираше „Руска реч на македонски“ сметаат дека победите се резултат како на заложбите на тренерите, така и на властите. 

Иван Скобрев, двократен освојувач на медал на Олимписките игри во Ванкувер 

„Не само Павел Кулижников, туку и сиот наш сегашен лизгачки тим е многу добар. Тоа не е заслуга само на тренерот. Ова е резултат и на добрата државна политика.  По Олимпијадата во Сочи, кај нас се појавија одлични лизгачи во Коломна, Крилатское, Чељабинск. Каде ќе беше сега Кулижников доколку не ја имаше новата патека во Коломна?" 

Светлана Журова, олимписка шампионка, двократна светска шампионка, пратеник во Државната дума 

„Првата причина за успехот на Кулижников се состои во тоа што момчето е од Коломна, еден од главните лизгачки центри во земјата. Таму цело време се подготвуваат шампионите, таму отсекогаш имало надарени деца.

Доколку зборуваме за претстојната Олимпијада во Пјеонгчанг секако дека постојат надежи. Со цела сила ќе дојдат оние млади луѓе што беа подготвувани како резерви за Олимпијадата во Сочи. Постои уште еден интересен момент. Кризата. И покрај сите нејзини минуси, постои и определен плус: нашите најдобри спортисти, можеби, ќе сакаат да тренираат во својата татковина. Барем од финансиски причини. А, тоа значи дека нив во живо ќе ги видат децата кои им доаѓаат како замена. За децата тоа ќе биде голем стимул за работа."

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња