Ќе се засили контролата врз исполнувањето на минската спогодба

Министрите ги повикаа сите страни на соработка со мисијата и овозможување на пристап до сите зони на конфликтот. Извор: Ројтерс.

Министрите ги повикаа сите страни на соработка со мисијата и овозможување на пристап до сите зони на конфликтот. Извор: Ројтерс.

Првите луѓе на надворешните работи на „нормандиската четворка“ (Русија, Германија, Франција и Украина) за време на средбата во Париз повикаа да се продолжи мандатот и да се засилат капацитетите на мисијата на ОБСЕ, организација која претставува основен инструмент за контрола на исполнувањето на минската спогодба за прекинување на огнот на истокот од Украина. Руските експерти позитивно ги оценуваат резултатите од средбата, забележувајќи дека е постигната согласност во врска со прашањето за неопходноста за повлекување на тешкото вооружување.

На 24 февруари во Париз се одржа средба на шефовите на дипломатијата на земјите од „нормандиската четворка“. Како што изјави првиот човек на француското МНР Лоран Фабиус, министрите повикале на „засилување на специјалната мисија на набљудувачите на ОБСЕ и на зголемување на мандатот на оваа организација“. Министрите исто така ги повикаа сите страни на соработка со мисијата и овозможување на пристап до сите зони на конфликтот.

Минск-2: да се прекине огнот
За време на рекордно долгите преговори во Минск за решавање на украинската криза, кои, патем речено, траеја подолго од 14 часа, лидерите на Русија, на Германија, на Франција и на Украина се договорија за прекинување на огнот од 15 февруари, за повлекување на тешкото вооружување и за создавање тампон-зона.

Тешко вооружување

Како што изјави за „Руска реч на македонски“ водечкиот експерт на Центарот за воено-политички истражувања при Московскиот државен институт за меѓународни односи Михаил Александров, иако во Париз најмногу се разгледувале техничките прашања, сепак била постигната и една друга важна цел – учесниците на средбата ја потврдиле неопходноста за почеток на повлекување на тешкото вооружување, без оглед на одделните спорадични престрелки.

„Украинската страна постојано говореше за тоа дека проруските доброволци стрелаат врз нивните позиции, што претставуваше кочница за повлекување на тешкото вооружување. Сега е донесена одлука дека, без оглед на одделните престрелки, тешкото вооружување ќе се повлекува. Украинската страна не треба да има причини за спречување на исполнувањето на оваа точка од минската спогодба“, подвлече Александров.

Утрото на 24 февруари претставникот на украинската војска која се наоѓа на воена операција на истокот од земјата Анатолиј Стељмах изјави дека во услови на напади од страна на проруските доброволци не може ни да стане збор за повлекување на тешкото вооружување. Цитирајќи ја неговата изјава, Интерфакс-Украина вели дека за тоа е потребно најпрво да се постигне „целосен прекин на огнот барем за 24 часа“. Подоцна беше кажано дека воените сили на Украина ќе почнат да ја повлекуваат техниката дури по два дена од фактичкото прекинување на огнот.

Како што изјави Сергеј Лавров по преговорите, колегите „пред сè од Германија и од Франција“, го поддржале во врска со прашањето за неопходноста од повлекување на тешкото вооружување, без да се чека целосен прекин на огнот.

Претставници на самопрогласената Донецка народна република изјавија дека на 24 февруари веќе започнале со повлекувањето на тешкото вооружување под надзор на ОБСЕ. Во исто време украинскиот воен ресор ги обвинува проруските доброволци дека тие наместо повлекување вршат дислокација и прегрупирање на силите. Сепак, според мислењето на Андреј Суздаљцев“, продекан на факултетот за светска економија и за светска политика при Вишата школа за економија, проруските доброволци демонстрираат реален стремеж за повлекување на тешкото вооружување од зоната на конфликтот.

Дејтон за Украина
Преговорите во Минск, без оглед на постигнатата спогодба, оставија блок нерешени проблеми. Главниот е начинот на кој се определува статусот на териториите, при што едни ги гледаат како „одделни територии на Донецката и на Луганската област“, а за други тоа се Донецката и Луганската на народна република.

Молк за миротворците

Како што забележуваат експертите не е важно само она што било сумирано во врска со средбата, туку и она што било премолчено, а тоа е можноста за испраќање миротворци во зоната на конфликтот, како што тоа го предвидуваше украинската страна. Пред средбата, шефот на украинската дипломатија Павел Климкин изјави дека ова прашање ќе се разгледува во Париз.

Според Александров, средбата покажала дека засега страните демонстрираат заинтересираност за исполнување на минската спогодба во која нема ниту збор за мировен контингент. Киев, како што смета експертот, би сакал да ја искористи идејата за миротворците како средство за политички притисок врз Москва и врз проруските доброволци.

На средбата како позитивна страна се посочи и тоа дека ситуацијата во Дебаљцево каде во опкружување на проруските доброволци се најде голема група украински војници, како и нецелосното прекинување на огнот, за Западот не претставуваат основа за прекинување на минскиот процес. Иако, како што забележува Суздаљцев, Москва е подвргната на „огромна критика“ од страна на Берлин и на Париз поради неодамнешниот отпор во Дебаљцево.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња