Ќе прекине ли огнот во Украина?

Извор: Ројтерс

Извор: Ројтерс

Според минската спогодба, договорот за прекин на огнот на истокот на Украина стапува на сила на 15 февруари на полноќ. Сепак, како што забележуваат руските воени експерти, постојат причини кои можат да го спречат запирањето на воените дејствија, една од главните е ситуацијата околу „дебаљцевскиот котел“.

Претставувајќи ги на 12 февруари во Минск резултатите на маратонските преговори, кои исто така предвидуваат повлекување на тешкото вооружување и создавање на безбедносна зона помеѓу завојуваните страни, претседателот на Русија Владимир Путин изјави дека „се успеало да се постигне главното“ – да се договори прекинување на огнот. Притоа тој веднаш ги лоцираше и тешкотиите што постојат во однос на тоа, укажувајќи на различно интерпретирање од страната на претставниците на Русија и на Украина во врска со ситуацијата околу таканаречениот „дебаљцевски котел“ – обрач, кој според тврдењата на бунтовниците, кој е направен околу украинската војска во градот Дебаљцево. 

Дејтон за Украина
Преговорите во Минск, без оглед на постигнатата спогодба, оставија блок нерешени проблеми. Главниот е начинот на кој се определува статусот на териториите, при што едни ги гледаат како „одделни територии на Донецката и на Луганската област“, а за други тоа се Донецката и Луганската на народна република.

Како што истакна Путин, обидите за излегување од „котелот“ можат сериозно да ја искомпликуваат ситуацијата на истокот од Украина, што ќе го стави под сомнеж постигнатиот договор за прекин на огнот.

Ситуација во ќор-сокак 

Во Киев, како што забележуваат аналитичарите, не сакаат да го признаат фактот за опкружување на голема вооружена групација, и тоа ја доведува ситуацијата во ќор-сокак. Како што смета воениот експерт Виктор Мураховски, решение би можело да се најде во испраќање на воени специјалисти на местото за да ја оценат ситуацијата, односно идејата што ја даде Путин. 

Сепак, аналитичарот подвлекува дека за нивната мисија да биде успешна, потребно е најпрво да стапи на сила режимот за прекинување на огнот, инаку воените набљудувачи едноставно нема да можат да ја завршат својата работа. Притоа, засега не постојат сигнали што влеваат надеж за подготвеноста на страните за прекин на огнот. На 13 февруари и бунтовниците и украинската војска соопштија дека продолжува огнот од страна на противниците. 

Немањето желба кај Киев за признавање на фактот за опкружување, експертите го поврзуваат со политичките и со морално-психолошките причини. Ситуацијата потсетува на повеќемесечната конфронтација околу аеродромот во Донецк, кој нема решавачко стратешко значење, а кој сепак за Киев стана важен симбол на борбата против бунтовниците. Украинската војска не можеше да ја задржи контролата врз аеродромот. 

Повлекување на војската 

Како што подвлекуваат експертите, украинската војска треба да се евакуира од „котелот“. Според воениот аналитичар на Независимаја газета Владимир Мухин, поради релјефот на местото, украинската војска практично нема шанса да се извлече од него самостојно, а обидите за пробивање ќе доведат до огромни загуби. 

Минск-2: да се прекине огнот
За време на рекордно долгите преговори во Минск за решавање на украинската криза, кои, патем речено, траеја подолго од 14 часа, лидерите на Русија, на Германија, на Франција и на Украина се договорија за прекинување на огнот од 15 февруари, за повлекување на тешкото вооружување и за создавање тампон-зона.

Притоа експертите споменуваат и друга варијанта за развојот на ситуацијата околу Дебаљцево, одново повторувајќи го она што се случи со аеродромот во Донецк. Според заменикот на првиот човек на Институтот за политичка и воена анализа Александар Храмчихин, украинската војска, како што беше случајот и со аеродромот, можат да останат таму долго, а потоа, можеби, дури и по неколку месеци, да се обидат да се пробијат. 

Без оптимизам 

Во целост, како што претпоставува Храмчихин, најновата спогодба ќе дојде во незавидна ситуација како и претходните спогодби. Ова е поврзано со тоа што тие беа дадени од надворешните сили и ниту една од страните не е заинтересирана за нивно почитување. Притоа, на воен план, ниту Киев, ниту бунтовниците досега го немаат постигнато она што го сакаа, а исто така не ја изгубија ниту способноста за војување. Во овој контекст експертот прогнозира дека воените дејствија, кои најверојатно ќе стивнат по 15 февруари, со нова сила можат да се разгорат веќе ова лето. 

Како слаба точка на постигнатите спогодби во воена смисла, експертите го укажуваат и фактот што за бунтовниците повлекувањето на тешкото вооружување од граничната точка, која се наоѓа на крајот на Донецк, ќе означува дека градот ќе го штити само пешадија. Ова ја прави положбата на бунтовниците на ова место многу ранлива. Следствено, решавачкото значење за исполнувањето на спогодбата лежи кај украинската војска, - без претходно повлекување на вооружувањето на украинската армија, повлекувањето на артилеријата на бунтовниците за нив ќе биде самоубиствен чекор.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња