Путин му подари мирен атом на Египет

Руските фирми би сакале да земат учество во модернизација на индустриските претпријатија во Египет кои се изградени со помош на СССР. Извор: Ројтерс

Руските фирми би сакале да земат учество во модернизација на индустриските претпријатија во Египет кои се изградени со помош на СССР. Извор: Ројтерс

И покрај очекувањата посетата на претседателот Владимир Путин на Каиро не беше примарно посветена на политиката, па дури ни на воено-техничката соработка, ами на прашањата од заеднички економски интерес. Главниот резултат е тоа што Русија и Египет се договорија не само за изградба на првата египетска атомска централа, туку и за создавање на цела атомска индустрија.

Од посетата на Путин на Каиро на 9 и на 10 февруари се очекуваа големи договори за вооружување и спектакуларни политички изјави. Овие очекувања беа поттикнати откако рускиот претседател на својот египетски колега Абдел Фатах ал Сиси при пристигнувањето му врачи симболичен подарок – автомат Калашников. Оние што го следеа настанот обрнаа внимание на величествениот пречек што му беше приреден на рускиот лидер во Каиро. 

Впрочем, доколку се зборува за симболите, тие директно упатуваат на енергетиката: во педесеттите и во шеесеттите години од минатиот век, во пикот на советско-египетската дружба, главно достигнување во односите беше Асуанската брана и електраната на неа, а симбол на сегашното зближување, веројатно, ќе стане атомската централа што Русија има намера да ја изгради. 

Мирниот атом е поважен од оружјето 

Русија како предводник во атомската енергија
Секоја втора година Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) организира конференција за термонуклеарна синтеза. Оваа година во периодот од 13 до 18 октомври Санкт Петербург за првпат беше домаќин на една ваква конференција, која претставува главен простор за средба на меѓународните експерти за термонуклеарна синтеза.

Росатом е подготвен на северот од Египет да изгради четири блока од атомската централа, соопшти првиот човек на корпорацијата Сергеј Кириенко. Станува збор за изградба на атомска централа по руска технологија со голема моќност од 1.2 илјади мегавати на северот од Египет на брегот од Средоземното море. Спогодбите треба да бидат подготвени во тек на три месеци, а договорите до крајот на годината, појасни раководителот на Росатом. 

Шефот на Руско-египетскиот бизнис-совет Михаил Орлов забележува дека Египет чувствува сериозен дефицит од електрична енергија и затоа постои основа да се зборува за заинтересираност на Каиро за поскоро развивање на атомската енергија. 

Според Владимир Путин, спогодбата на РФ и Египет во областа на атомската енергија означува фактичко создавање на атомска индустрија во земјата. Доколку спогодбите бидат реализирани, Египет ќе стане втора земја по Јордан на Блискиот Исток во која руските специјалисти ќе градат атомска централа. 

Трговијата може да порасне 

Според претседателот Абдел Фатах ал Сиси исто така се постигнати и спогодби за создавање зони на слободна трговија помеѓу Египет и Царинската унија (РФ, Белорусија и Казахстан), за развој на руска индустриска зона во пределот на Суецкиот канал, а исто така и за зголемена инвестициска соработка. 

Египќаните проценуваат дека билатералната размена на стоки изнесува околу 3 милијарди долари, од кои само 250-280 милиони е египетски извоз во Русија. Тоа значи дека Египет е важен пазар за РФ. 

Руските фирми би сакале да земат учество во модернизација на индустриските претпријатија кои се изградени со помош на СССР. Други перспективни сфери на соработка се горивно-енергетскиот комплекс, хемиската индустрија, фармацијата. Русија исто така планира на египетскиот пазар да го пласира системот ГЛОНАСС, кој претставува аналог на американскиот GPS. 

„Билатералната размена на стоките во 2014 година е зголемена за повеќе од 80%, - презентираше статистички податоци Путин. – За двапати е зголемен извозот на руска пченица во Египет, за речиси двапати е зголемен и увозот на египетски земјоделски производи во Русија“. 

Политичкиот чинител останува 

Русија сака да удри по приходите на ИДИЛ
Русија на Советот за безбедност на ОН му ја претстави предлог-резолуцијата, чија цел е да ја лиши од финансирање радикалната група Исламска држава (ИДИЛ), која објави создавање халифат на дел од териториите на Сирија и на Ирак.

Москва и Каиро се договорија да ја продолжат воено-техничката соработка, како и за замената соработка во врска со основните меѓународни прашања. Исто така на сила останува и планот за испорака на руско оружје во Египет. Како и што се очекуваше, Русија и Египет имаат намера да ја интензивираат борбата со тероризмот. Според руските експерти, специјалните служби на РФ се заинтересирани за добивање податоци за ИДИЛ од Египќаните.

Сепак, тешко дека може да се зборува за скорешно склучување на воено-политички сојуз, сличен на оној што го имаше Египет со САД за време на Хосни Мубарак. Амбасадорот на Арапската Република Египет во Русија Мохамед ал Бадри уште пред почетокот на посетата на Путин на Каиро подвлекуваше дека развојот на врските со Русија „не им штетат на односите со другите земји“. 

Владимир Бељаков, водечки научен соработник на Институтот за ориенталистика при Руската академија на науките се согласува дека Ал Сиси активно бара сојузници и нема намера да се ограничува на соработката со Москва. Како потврда на тоа тој го даде неодамнешниот пример на потпишување договор за стратешко партнерство со Кина.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња