Русија преговара со Саудиска Арабија за нафтата

Министерот за енергетика на Русија Александар Новак и министерот за нафта на Саудиска Арабија Али ан-Нуајми имаат преговори за замрзнување на производството на нафта, соопшти во средата претставник на руското министерство.

Министерот за енергетика на Русија Александар Новак и министерот за нафта на Саудиска Арабија Али ан-Нуајми во вторникот, 12 април, одржаа преговори за замрзнување на производството на нафта, соопшти во средата претставник на руското министерство.

„Потврдуваме дека има преговори“, рече претставникот, пренесува „Лента.ру“.

Преговорите се одржаа во предвечерието на средбата на претставниците на земјите-производители на нафта во главниот град на Катар Доха, планирана за 17 април.

Претходно во вторникот беше соопштено дека Русија и Саудиска Арабија ги усогласиле позициите околу прашањето за замрзнување на производството на нафта, пренесе „Интерфакс“ повикувајќи се на информиран дипломатски извор во Катар.

„Денеска се одржа контакт на претставниците на Саудиска Арабија и Русија при што страните постигнаа консензус по прашањето за замрзнување на производството на нафта“, истакна тој. Соговорникот на агенцијата додаде дека од саудиска страна било потенцирано дека конечната одлука на Ријад ќе биде донесена независно од позициите на Техеран.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња