Домаќинка обвинета за државно предавство

Извор: Ројтерс

Извор: Ројтерс

Домаќинката Светлана Давидова беше уапсена за јавување во украинската амбасада со вест за наводно минување на руски војници во Донецк. Таа е обвинета за државно предавство. Експертите сметаат дека случајот е замрсен.

Домаќинката и мајка на повеќе деца Светлана Давидова од градот Вјазма, Смоленска област (395 километри од Москва) поради јавувањето во украинската амбасада беше обвинета за предавство на државата. Според верзијата на истрагата, Давидова во април 2014 година се јавила во амбасадата, велејќи дека во Донецк се планира префрлање на војници од воените гарнизони што се наоѓаат во соседството. Според сопругот на Давидова, Анатолиј Горлов, неговата жена забележала дека воениот гарнизон „се испразнил“ и „тоа ѝ се причинило сомнително“. Тогаш таа во маршрутно комби сретнала војник од гарнизонот, „тој бил облечен во цивилно и гласно на телефон зборувал за 'префрлање во мали групи во Москва, а потоа натаму'“, вели Горлов за весникот Комерсант.  

Во Русија Давидова многумина ја интерпретираат како жртва на масовната психоза поврзаната со настаните во Украина, како „смоленска готвачка“ која од глупост се јавила на погрешно место. Во Украина, пак, таа стана проукраинска активистка, која сега руските власти ја репресираат. 

Но, соработниците на Федералната служба за безбедност ја уапсиле Давидова дури половина година подоцна и ја пренеле во Москва, каде била лишена од слобода. На жената ѝ се заканува 20 години лишување од слобода. Според нејзиниот маж, Давидова е мајка на седум деца, а најмалото има 2.5 месеци. 

Самите си се подметнале 

Според рускиот закон, за државно предавство се смета шпионажа и издавање на државна тајна на странска држава, на меѓународна или на странска организација, или, пак, укажување каква било помош насочена против безбедноста на РФ. 

Адвокатот Андреј Стебнев, кој ѝ беше доделен на Давидова, за радиото „Говорит Москва“ изјави дека постојат основи за обвиненија и дека „ништо не е туку-така покренато“. Адвокатот исто така забележа дека обвинетата нема седум деца туку три. Седум деца има нејзиниот сопруг.  

„Позицијата на адвокатот не е да интерпретира во ваква насока“, критикува неговиот колега, адвокат, доцент на Московскиот државен правен универзитет Александар Манов во разговор со „Руска реч на македонски“. „Во случајов тоа е помош во на штета на обвинетиот“. 

Федералната служба за безбедност самата себеси си подметна, обвинувајќи ја Давидова за државно предавство, вели Манов. Давидова не е државен службеник и нема пристап до државна тајна, но „доколку тие сметаат дека домаќинката можела да причини штета врз безбедноста на својата земја, соопштувајќи за дислокација на војниците во Донецк, значи тие автоматски го признаваат фактот за испраќање на војници во Украина“, смета адвокатот.

Претставниците на Федералната служба за безбедност не ја коментираат ситуацијата. 

Многу прашања 

Доколку таа не знаела за тоа, тогаш како можела да изврши предавство? Не е важно дали самата таа ја дознала оваа информација или ѝ кажал соседот. Важно е дали осознавала. На местото на одбраната јас би се закачил за ова

Игор Симонов

Асоцијацијата на правници на Русија

Московското биро за човекови права веќе подготвува барање до јавното обвинителство. „Зошто реагирале сега, доколку јавувањето се случило во април? Зошто случајот се води имено по овој член, каде е тука државната тајна, каде е шпионажата?“, негодува првиот човек на Московското биро за човекови права Александар Брод. Според него, можно е да постојат и други околности кои не се објавуваат од страна на истрагата.

Истрагата ќе треба да докаже дека, како прво, информацијата што е дадена во амбасадата е навистина државна тајна, како второ дека обвинетата знаела дека тоа е државна тајна, ја коментира ситуацијата адвокатот на московскиот колегиум на адвокати „Књазев и партнерите“ и член на Асоцијацијата на правници на Русија Игор Симонов. „Доколку таа не знаела за тоа, тогаш како можела да изврши предавство? Не е важно дали самата таа ја дознала оваа информација или ѝ кажал соседот. Важно е дали осознавала. На местото на одбраната јас би се закачил за ова“, вели Симонов. „Но, во секој случај истрагата ќе треба да докаже дека постоела опасност за безбедноста“, забележува тој. 

Шпион или активистка? 

Сега приказната за Светлана Давидова на големо се разглобува во руските и во украинските медиуми, се дебатира на социјалните мрежи. Притоа во „шпионската“ верзија веруваат малкумина. Во Русија Давидова многумина ја интерпретираат како жртва на масовната психоза поврзаната со настаните во Украина, како „смоленска готвачка“ која од глупост се јавила на погрешно место. Во Украина, пак, таа стана проукраинска активистка, која сега руските власти ја репресираат. „Имала ли таа умисла или не, сега истрагата тешко дека тоа ќе го докаже“, вели Манов. „Не обрнаа внимание на тоа дека таа има повеќе деца и веднаш ја разделија од семејството“.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.