Русија и Иран потпишаа договор за изградба на два нови нуклеарни реактора

Договорот предвидува надградба до четири реактора во иднина.

Русија и Иран во Москва потпишаа договор за изградба на два нови нуклеарни реактора во централата „Бушер“, пренесува РИА Новости.

 

Документот беше потпишан „Атомстројекспорт“ од руска страна, и од Nuclear Power Production and Development од иранска страна.

Според условите на договорот, изградбата на двата нови нуклеарни реактора во АЕЦ „Бушер“ предвидува надградба до четири блока во иднина.

Освен тоа, на прес-службата во „Росатом“ беше изјавено дека изградбата од руската страна ќе се одвива со гаранции на МАГАТЕ и дека капацитетите ќе бидат користени исклучително за мирни цели. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња