„Непожелните“ странски организации можат да бидат отстранети од Русија

Извор: Сергеј Федејчев / ТАСС

Извор: Сергеј Федејчев / ТАСС

Русија се труди построго да го контролира работењето на странските организации во земјата. Некои од нив можат да бидат забранети, доколку властите одлучат дека тие ја загрозуваат „одбранбената способност и безбедноста на државата“. Иницијативата веќе ја поддржаа во Државната дума. Соговорниците на „Руска реч на македонски“ се поделени во мислењата: едни сметаат дека тоа ќе овозможи детално да се истисне од земјата секоја „непожелна“ организација, другите – дека тоа е логичен чекор, државата си ги штити своите интереси.

Државната дума ќе дискутира во најскоро време за предлог-законот за забрана во Русија на странски и меѓународни организации чија дејност ќе биде признаена за „непожелна на територијата“ на земјата. Забраната ќе се однесува на оние кои, според мислењето на властите, претставуваат „закана за одбранбената способност или безбедноста на државата, или за општествениот поредок, или за здравјето на населението“. За нив ќе бидат, меѓу другото, предвидени административни казни и кривична одговорност. За тоа, кој е „штетен“ денеска за земјата, ќе решава во вонпарнична постапка  Јавното обвинителство и Федералната служба за безбедност во договор со МНР. Во долниот дом на парламентот истакнуваат дека  законот може да ги опфати не само невладините организации, туку и сите меѓународни компании и мултинационални компании.  

„Да не се дозволи дестабилизација“ 

Како што објасни за Руска реч на македонски едниот од авторите на иницијативата, пратеникот на  ЛДПР Антон Ишченко, законот ќе има превентивен карактер. „Засега потреба од тоа (забрана) можеби и нема, но во најблиска иднина може да настапи таков момент кога ќе бидат потребни  вонредни мерки“,  изјави парламентарецот.  

Фактички, законот ќе дозволи да се забранува во земјата работењето на секоја, меѓу другото, и на приватна трговска компанија, но претставниците на бизнисот засега не се плашат.

Пратеникот подвлече дека една од целите на законот е да се зголемат можностите на органите за спроведување на законот. Според него, искуството на Украина и неодамнешните настани во Франција само потврдуваат дека државата треба да има можност „да не дозволи дестабилизација во земјата“. 

Притоа, како што изјави пратеникот, список со конкретни критериуми според кои ќе се одлучува дали треба да се стави една странска организација на „црната листа“ или не,  нема да има. „Ние и не се обидувавме да ги формулираме, затоа што тој список може да биде премногу опширен. Она, за што се зборува во предлог-законот, веќе се регулира на овој или оној начин  од законодавството. Според нашето мислење, во нашата  верзија сè е јасно.“ 

Да им се верува на безбедносните институции 

Во Државната дума сметаат дека „тројниот клуч“ од безбедносни институции и МНР ќе обезбеди транспарентност и независност на постапката. „Овде имаме три институции врз кои и треба стои нашата стабилност на планот на запазување на законот. Во нив работат професионалци и тие можат да проценат кои имено организации се опасни за нашите вредности и државното уредување“, изјави Антон Ишченко.  

Cпоред мислењето на Денис Примаков, правeн експерт, на удар се таквите организации како „Отворена Русија“, основана од поранешниот сопственик на нафтената компанија ЈУКОС Михаил Ходорковски или медиумските холдинзи кои имаат странски сопственици.

Фактички, законот ќе дозволи да се забранува во земјата работењето на секоја, меѓу другото, и на приватна трговска компанија, но претставниците на бизнисот засега не се плашат. „Јас сум 100% убеден дека законот не е насочен против приватниот бизнис. Бизнисот сега напротив трча по инвеститори“, изјави претседателот на јавната организација за мали и средни претпријатија „Потпора на Русија“ Александар Калинин. 

Детално отстранување 

Директорот на руската филијала на меѓународната антикорупциска организација Transparency International Денис Примаков смета дека „апсурдниот“ предлог-закон пред сè е наменет за детално отстранување на непожелни правни лица од правниот простор на Русија. На удар се, според мислењето на правниот експерт, таквите организации како „Отворена Русија“, основана од поранешниот сопственик на нафтената компанија ЈУКОС Михаил Ходорковски или медиумските холдинзи кои имаат странски сопственици. 

Сепак претседателот на московската адвокатска фирма „Николаев и партнери“ Јуриј Николаев обрнува внимание на тоа дека Русија постапува исто како што би постапила секоја земја кога би сметала дека некои видови дејност го загрозуваат нејзиниот суверенитет. „На своја територија земјата има право да оформи секаков нормативен акт кој би ја прекинал работата на таквите организации. Тоа е нормално, така дејствуваат сите“, потсетува Николаев. Ние не инсистираме на исполнување на нашите барања во други држави, како што тоа, впрочем, се обидуваат да го сторат некои земји, констатира адвокатот.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.