На конспираторите не им требаше жив Јанукович

Извор: Ројтерс

Извор: Ројтерс

Поранешниот претседател на Украина даде ексклузивно интервју за рускиот весник „Аргументи и факти“. Молкот на Јанукович што траеше половина година беше предизвикан од неопходноста да се анализираат не толку зборовите на украинските политичари, колку нивните реални дејства и особено последиците од тие дејства. „Руска реч на македонски“ направи збир од главните тези на интервјуто.

За Мајдан 

Апсолутно никаква наредба за растерување на демонстрантите немаше и не можеше да има. Како што гледам, тоа беше добро организирана провокација за трансформирање на мирните акции од протестот во радикални [...] На луѓето на Мајдан брзо им ја наметнаа идејата дека јас лично сум наредил да се растераат студентите. 

Вистинските режисери на таа операција веќе имаа утврдено свој план – да се разниша земјата и да се направи слаба и послушна. За тоа, во прв ред, им требаше да го соборат претседателот. И тоа се правеше согласно најдобрите практики на правење револуции на Блискиот Исток.  

На Мајдан имаше многу патриоти на својата земја кои искрено веруваа во успешноста на европскиот избор за Украина. 

Путин: За економијата, политиката и кризата во Украина
Денес претседателот на Руската Федерација Владимир Путин по деветти пат одговараше на прашањата на домашните и на странските новинари во рамките на големата прес-конференција.

Десетиците илјади луѓе кои стоеја на Мајдан не добија ништо. Сите придобивки отидоа кај неодговорните политичари и нивните спонзори. Тие со лажни ветувања ги убедија луѓето дека сето тоа лесно ќе се постигне и единствената пречка на патот до „светлата иднина“ е Јанукович. Но, на режисерите на тоа сценарио не им требаше Јанукович, на нив им требаше Украина.   

Опозицијата потполно ги помина границите на законот и почна отворено да ги вооружува побунетите. Само за еден ден на 18 февруари од повреди здобиени од огнено оружје загинаа над десетина припадници на милицијата. Кажете, можеше ли да се случи тоа доколку демонстрантите немаа оружје? 

Сакам да ја прашам сегашната власт: зошто до ден-денес не е завршена истрагата за причините за загинувањето на „Небесните стомина“ и загинатите припадници на органите на редот? Веројатно се плашат да ја откријат сета вистина за она што се случи? („Небесните стомина“ се нарекуваат 100 и кусур луѓе кои загинаа во текот на судирите на Мајдан во февруари 2014 года. Во суштина луѓето загинаа од рацете на снајперисти кои беа запоседнати на покривите на зградите. Најкрвав ден   стана  четврток, 20 февруари, кога загинаа над 40 луѓе. Во „небесните стомина“ се најдоа не само Украинци, туку и државјани на Грузија, Русија и Белорусија. – заб. ред.) 

За државниот преврат 

Единственото за што чувствувам одговорност е што не успеав да ги спречам политичките авантуристи со помош на надворешни сили да извршат државен преврат.

Моја должност беше зачувување на интегритетот на Украина, човечките животи и спроведување на законот. Бидејќи бев претседател на целата земја, не можев да заземам  нечија страна. Секогаш бев на страната за мирна разрешница на ситуацијата и избегнување на крвопролевањето. 

Лидерите на опозицијата ми се јавуваа и ме убедуваа да си дадам оставка. Јас категорично одбив. Потоа започнаа конкретни активности кои претставуваа закана за мене и за луѓето во мојата придружба. Од информациите што ги добивав и, најважно, од обидите за атентат јасно разбрав: решиле да ме убијат. 

Баталјонот „Смрт“: Зошто Чечените војуваат во Украина
Познатата руска новинарка Марина Ахмедова престојуваше во гарнизонот на чеченскиот баталјон „Смрт“ во една населба што е под контрола на самопрогласената Донецка Народна Република (ДНР). Оваа единица на доброволци е составена од чеченски воени лица и полицајци кои повеќе не се во редовна служба. Според неофицијалните податоци, една од нивните задачи е ликвидација на Иса Мунаев, Чечен кој емигрирал во Европа за време на втората воена кампања во Чеченија и кој сега во украинскиот воен конфликт учествував на страната на Киев. Новинарката поразговара со четворица борци од овој баталјон. Двајца од нив и ги открија само своите прекари – Генерал и Стингер, а останатите двајца ги кажаа своите вистински имиња: Апти и Ваха.

На мојата колона беше неколкупати стрелано. Еден од обезбедувањето беше ранет. Токму поради тоа морав да се преселам на место каде припадниците на безбедносните сили сè уште беа лојални на заклетвата, му се потчинуваа на Врховниот командант. 

Кога веќе се наоѓав на Крим, пред мене јасно стоеше прашањето: што понатаму? За доброволно предавање во заробеништво не можеше да стане ни збор. На конспираторите жив Јанукович како сведок на нивните криминали не им требаше. Остануваа две варијанти: или да ги искористам силите што ми беа верни и да го вратам уставниот поредок во Украина, или ќе бидам принуден да заминам од државата. 

За обвинувањата за корупција 

Ниту јас, ниту моите синови не беа замешани во коруптивни дејства. И не е случајно што до ден-денес новата украинска власт не успеа да го докаже тоа. Зашто такви факти не постојат. 

Јас немам и никогаш не сум имал никакви сметки во странство. Од моите адвокати се поднесени молби во над 40 земји со барање да се потврди или негира постоењето на мои средства. Поминаа месеци, но ниту една земја не потврди дека имам такви сметки.

За борбените дејствија на истокот на Украина 

Во секој случај обичните Украинци од запад и исток нема што да прават. Оваа војна ја почнаа мизерни политичари за да ја зацврстат својата власт и да го одвлечат вниманието на народот од други проблеми. Затоа јас сум убеден дека веднаш штом сегашниве политичари си заминат, народот ќе успее да се договори и Украина одново ќе стане обединета. 

Многу ме боли кога гледам како секој ден во Донбас гинат мирни луѓе, деца, старци. Гинат не само од гранати и куршуми, но и од глад и студ. Она што многумина го знаеја само од историја, сега се принудени да го преживеат лично. 

Неопходен е итен дијалог меѓу сите страни без оглед на нивниот статус. Важно е секоја од страните да може да влијае на процесот. Дијалогот треба да доведе до елиминација на стопанските проблеми и обнова на економските врски во Украина. 

Ме боли кога гледам како земјата тоне во хаосот и провалијата на граѓанската војна. Но сакам да верувам дека украинскиот народ има доволно мудрост да го запре ова сценарио што му е наметнато и да успее да воспостави мир и хармонија во земјата.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.