Русија се подготвува за хероинот од Авганистан

Извор: AP

Извор: AP

Експертите сметаат дека најопасните наркотици во моментов се хероинот од Авганистан и синтетичкиот канабис (таканаречен спајс) кој стигнува од различни земји.

Според податоците на руската Федерална служба за борба со наркотици (ФСКН), од вкупно 8 милиони зависници од дрога, колку што ги има во Русија, еден и пол милион користат хероин од Авганистан. Многу повеќе ги има оние што го набавуваат таканаречениот спајс (анг. „spice“ – зачин), односно синтетички канабис кој се продава во кесички како „мешавина од билки“ или како „билен освежувач за воздухот“, а всушност станува збор за мешавина со силно халуциногено дејство.

Секоја година од наркотици во Русија умираат околу 70 илјади луѓе, најчесто млади (зависниците од наркотици ретко доживуваат старост). Во најголемиот број случаи смртноста е предизвикана од употреба на „тешки“ доги како што е хероинот. Спајсот се третираше како многу „полесна“ дрога сè до оваа година кога во земјата беа забележани цела низа смртни случаи. Во септември и октомври над илјада зависници од спајс завршиле во болници, а 40 зависници починале. 

Опасност од хероинот се заканува од Авганистан 

Според податоците на ФСКН, во моментов Европската Унија е на првото место според консумирањето на авганистанскиот хероин. На второ место е Руската Федерација. 

ФСКН проценува дека во 2014 година во Авганистан се посеани рекордни 250 илјади хектари опиумски афион. Добро се познати главните патишта на преработениот „посев“. Хероинот од Авганистан стасува во Русија преку Средна Азија, а во земјите од Европската Унија главно преку Иран, Турција и преку Балканот. 

Никој не очекуваше деветгодишна војна
Пред 25 години, на 15 февруари 1989 година, беше завршено повлекувањето на советскиот воен контингент од Авганистан. За време на 9-годишната војна во Авганистан загинаа речиси 14 илјади, а околу 50 илјади советски војници беа ранети. Оваа воена кампања предизвикува дискусии меѓу историчарите и ветераните.

Земјите во кои се тајно се превезуваат авганистанските опојни дроги треба да се подготват за ситуација во која ќе се пренесуваат поголеми количества наркотици и во која активноста на дилерите со дрога ќе биде поголема. Кога во 2007-2008 година наркотиците ја преплавија Русија, наркодилерите ги намалија цените и на овој начин го проширија пазарот. 

За волја на вистината, експертот на московскиот Центар за проучување на современ Авганистан Никита Мендкович е внимателен во предвидувањето на ваквото сценарио: Таков ризик постои. Сепак, тешко дека порастот на производството на хероин ќе биде значителен, зашто пазарот во голема мера е веќе заситен. Но, нема сомнежи дека продорот на наркотици од Авганистан и понатаму ќе биде голем и мошне опасен. 

Бурниот раст на наркотици во Авганистан започна во 2002 година, веднаш по влегувањето на странските трупи. Во првите неколку години НАТО воопшто не обрнуваше внимание на тоа. Ситуацијата започна да се менува по 2009 година (односно кога наркотиците го преплавија пазарот). 

Претходно Меѓународните сили за безбедносна помош (ISAF) кои се под команда на НАТО, одбија да се борат против наркобизнисот, потсетува Мендкович во интервју за „Руска реч на македонски“. „Тие сметаа дека тоа не влегува во нивниот мандат. Подоцна овој однос беше ревидиран и тоа под влијание на Русија. Но, не беа постигнати некакви особени резултати“. Илустрација за ова тврдење е рекордната сеидба на афион во 2014 година, односно додека мандатот на ISAF е сè уште не сила. 

Површините на кои се одгледува опиумскиот афион во Авганистан се зголемуваат веќе петта година по ред. И за сето ова време стабилно расте продорот на наркотици во Русија од странство. Како што неодамна во интервју за „Росијскаја газета“ истакна раководителот на ФСКН Виктор Иванов, сега во земјата годишно се увезуваат околу 30 тони хероин со голема чистота. Тоа се околу 100 милиони поединечни дози. 

Со цел намалување на протокот на авганистански хероин, Русија соработува со земјите од поранешната советска Средна Азија. Службениците на службите за борба со наркотици на овие земји се обучуваат во Русија. Руската Федерација им нуди и техничка и материјална помош, а ќе учествува и во претстојното формирање центар за обука на наркополиција во Средна Азија. 

Се заканува друга опасност од „дизајнерски“ наркотици 

Покрај хероинот особена вознемиреност кај руските власти сега предизвикува фактот дека со голема брзина расте популарноста на таканаречените „дизајнерски“ наркотици. 

Тие се увезуваат како сол за бањање, хемиски агенси или дозволени ароматични мешавини слични на тутун. За овие „соли“ (salt) и „зачини“ (spice) не важи забраната сè дури официјално не се констатира дека се работи за наркотик. Продавачите ја користат оваа „дупка“ во законот, а кога една мешавина конечно ќе се забрани, на пазарот веднаш се појавува друга. 

„Претходно на сите списоци ова беше петта група според степенот на опасност. Сега супстанците од оваа група треба да се стават на едно од првите места. Најлошо е што луѓето кои ги користат овие супстанци не ги доживуваат како наркотик. Ни, тоа е наркотик, како и секој друг“, вели за „Руска реч на македонски“ Акоп Матосјан, раководител на Меѓународната асоцијација за борба со наркоманијата и со наркобизнисот. 

Решителен удар врз сите видови „соли“ и „спајсови“ треба да биде зададен најскоро. Претседателот на Русија Владимир Путин до парламентот поднесе нацрт-закон според кој се воведува кривична одговорност за трговија со ваквите супстанци.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња