Путин: За опозицијата, за Олимпијадата и за личниот живот

Извор: Константин Завражин / Росијскаја газета

Извор: Константин Завражин / Росијскаја газета

Денес претседателот на Руската Федерација Владимир Путин по деветти пат одговараше на прашањата на домашните и на странските новинари во рамките на големата прес-конференција.

Традиционалната средба на шефот на државата со новинарите овој пат се одржува на фонот на нагло зголемување на финансиско-економските проблеми и на заострените меѓународни односи.

За опозицијата и за петтата колона 

Јас сакам да го сплотам, а не да го разделам нашето општество. Доколку се има случено разделување, тогаш јас би требало да бидам повнимателен во она што го кажувам. Но, работите треба да се прикажуваат онакви какви што се. А, границата е многу тенка. Тешко е да се даде научна дефиниција каде завршува опозицијата и каде започнува петтата колона. Сите ги помниме стиховите на Лермонтов: „Збогум немиена Русијо“. Тој бил опозиционер? Секако. Кога тој ја пишувал „Смртта на поетот“ еден негов роднина го замолил да го омекне текстот. А, Лермонтов уште повеќе го заострил. Тој секако дека бил опозиционер, но тој бил и патриот. Тоа е тенка линија. Тој бил смел офицер, под куршуми одел. Но, границата помеѓу опозиционерите и петтата колона е внатрешна. Опозиционерот до крај се бори за интересите на својата татковина. Петтата колона, пак, го исполнува она што се диктира од интересите на друга држава. 

Дали Путин зажалил што го ослободил Ходорковски, кој се занимава со политика и кој ги објави своите претседателски амбиции? 

Путин: За економијата, политиката и кризата во Украина
Денес претседателот на Руската Федерација Владимир Путин по деветти пат одговараше на прашањата на домашните и на странските новинари во рамките на големата прес-конференција.

Кога го носев решението за помилување, не ги гледав неговите намери да се занимава со политика, тоа е негова работа. Господ нека му помогне, нека работи. Јас одлуката ја донесов од хумани причини, неговата мајка беше болна. Тој го издржа поголемиот дел од казната. Не жалам за ништо, мислам дека постапив апсолутно правилно. 

За руско-грузиските односи 

Го убедував Саакашвили да не започнува со воени дејствија, тој ги започна. Во 1991 година, тоа сите го знаат, се случија тешки настани, кога Грузија објави независност, тогаш беше истото. Нас постојано нè обвинуваат за смртни гревови, за тоа дека ние сè провоцираме. Ние не провоцираме. Русија ја призна независноста на овие републики. 

За Олимпијадата и за фудбалскиот шампионат 

Сето она што сакавме да го постигнеме при подготовката и при одржувањето на Олимпијадата, го постигнавме, па дури и повеќе, ние победивме. 

Ние добивме центар за одмор и рехабилитација кој може да се користи во текот на целата година. Таму ќе се организираат натпревари, ќе се развива детскиот спорт, на ова место се појави хокејски тим, многу навивачи, луѓето доаѓаат, салите се полни. 

Многу земји се откажаа од натпреварувањето. Не сакаме луѓето да стојат на вотка, туку на лизгалки. Нам ни е потребен фудбалскиот шампионат зашто децата ќе се занимаваат со тоа. Ова е повод за развој на Русија. 

За личниот живот 

Еден пријател ме праша дали имам љубов. сè е во ред, не грижете се. Јас и Људмила Александровна сме пријатели, се гледаме.

Не знам колкава е мојата плата. 

Не ми е здодевно, не грижете се. Треба да се завршуваат нештата, да се работи работата.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Повеќе возбудливи стории и видеа на Фејсбук страницата на Russia Beyond-Македонија

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња