Путин: За економијата, политиката и кризата во Украина

Извор: Константин Завражин / Росијскаја газета

Извор: Константин Завражин / Росијскаја газета

Денес претседателот на Руската Федерација Владимир Путин по деветти пат одговараше на прашањата на домашните и на странските новинари во рамките на големата прес-конференција.

Традиционалната средба на шефот на државата со новинарите овој пат се одржува на фонот на нагло зголемување на финансиско-економските проблеми и на заострените меѓународни односи. 

Економијата и рубљата

Секако, денешната ситуација е пред сè испровоцирана од надворешни фактори. Но, тргнуваме од тоа што ние во голема мера не сме го направиле она што сме планирале да го направиме и од она за кое сме зборувале дека треба да се направи. 

Пред сè се менува цената на нафтата, а зад неа оди цената на гасот. Постојат прашања за владата, за Централната банка, но во целост се оди по вистински правец. Се надевам дека паѓањето на девизите ќе продолжи. Тоа е можно. Исто така е можно и дека цената на нафтата ќе продолжи да паѓа. 

Путин: За опозицијата, за Олимпијадата и за личниот живот
Денес претседателот на Руската Федерација Владимир Путин по деветти пат одговараше на прашањата на домашните и на странските новинари во рамките на големата прес-конференција.

Нашата економија ќе излезе од сегашната ситуација. Колку време е потребно? Во најлош случај две години. 

Централната банка нема намера безразумно да ги троши своите резерви, а вкупниот обем на резервите во Русија изнесува 8.3 билиони рубли (141 милијарди американски долари). 

Создавањето реален неенергетски бизнис во Русија наидува на тешкотии, но засега енергетскиот сектор дава најголема придобивка. 

Треба да се работи. Условите нè тераат да бидеме поефективни 

Да, ќе биде потешко да се исполнуваат социјалните обврски на државата. Можеме ли да го направиме тоа? Можеме. 

Политика 

Нели по паѓањето на Берлинскиот ѕид ни зборуваа дека нема да има ширење на НАТО на Истокот? А, обратното се случи речиси веднаш. Зарем тоа не е ѕид? Никој не запре, тука лежи проблемот на меѓународните односи – нашите западни партнери сметаат дека тие се империја, а дека останатите се вазали и дека треба да се врши притисок врз нив. Нашата цврста позиција за определени кризни ситуации, меѓу другото и во Украина, треба да им покаже на западните партнери дека не треба да се градат ѕидови. 

Цврстата позиција на Русија во врска со кризните ситуации треба да им даде на знаење на партнерите дека треба да се гради заедничко пространство на безбедност. 

 Што и да направиме, секогаш ни опонираат, се борат со нас. Сетете се како се подготвувавме за Олимпијадата. Беа преземени невидени и координирани обиди за дискредитација и на самата Олимпијада, и на подготовките за неа. Нашето мече секогаш ќе се обидуваат да го врзат со синџир, да му ги извадат забите и канџите (односно силите на нуклеарно воздржување), дури и ако престане да трча по прасињата и по дивите прасиња во шумата, а почне да се храни со бобинки и со мед. Велат дека е неправедно што Сибир е цел на Русија. Како на Мексико да му се земе Тексас, тоа е толку нормално. Од нашето мече ќе направат полско плашило. Ние сакаме да се зачуваме и да се бориме, да бидеме понезависни – или нашата кожа да ја обесат на ѕид?

САД се распоредуваат на Исток зашто се појавуваат нови можности. Потребата за енергенси кај азиските земји расте. И зошто треба да се откажеме од ваквата можност, ние одамна го мислевме тоа. Договорот со Кина не носи загуби, ние отидовме на олеснувања. Тоа ќе ни овозможи да ги соединиме западниот и источниот гасен систем, така што во зависност од конјунктурата ќе можеме да префрламе гас. Тоа е огромен систем, влевање даноци, подобрување на животот. Кога станува збор за Турците, ние ги знаеме нивните потреби. Дали е можен хаб на територијата на Турција и на Грција зависи од нашите европски партнери. Доколку сакаат да имаат постојан пристап до гас, тогаш ќе има хаб. Доколку не сакаат, нема да го градиме. Но поевтина и посигурна испорака од Русија нема. 

Кризата во Украина 

Кај нас, во Русија, за сè одговара претседателот. Кога станува збор, пак, за војниците, за нивната судбина одговара главниот командант, а тоа е еден ист човек. Сите оние што самостојно учествуваат во воените дејствија, меѓу другото и во Украина, не го прават тоа за пари. Ние ги сфаќаме дејствијата на киевското раководство како чистки. Бунтовниците не го нападнаа Киев. По вооружениот државен преврат заедно со политичкиот дијалог против оние што не се согласуваат со него Киев почна да употребува полиција, армија и економска блокада. Сметаме дека ваквиот пристап е бесперспективен и штетен. Ние сме подготвени да бидеме посредници, да помогнеме во доаѓањето до политички дијалог, па сè до повторно воспоставување на единствено политичко пространство. 

Сметам дека треба да се разменат сите (запленетите војници меѓу Донбас и Киев). Но, животот е посложен. 

Доколку Украина сака да го врати мирот и територијалната целосност, тогаш треба да ги почитува луѓето што живеат во различни региони и со нив да води политички дијалог.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња