На Русија и на НАТО им требаат правила за коегзистенција

Извор: Ројтерс

Извор: Ројтерс

„Руска реч на македонски“ замоли руски експерти да го коментираат исходот од состанокот на шефовите на МНР на земјите-членки на НАТО кој се одржа на 2 декември во Брисел.

Андреј Сушенцов, управувачки партнер во агенцијата за аналитика „Надворешна политика“. 

Русија воопшто не треба да одговорa на денешните одлуки на шефовите на МНР на земјите-членки на НАТО. Како прво, изразите на закана (како што е распоредувањето на сили за брза реакција) имаат илузорен карактер. Како второ, постојните руски сили се доволни за одбивање на заканите кои поради една или друга причина ќе преминат од категоријата илузорни во категоријата реални. И, како трето, одговорот од страна на Русија ќе значи понатамошна ескалација на ситуацијата која не ѝ одговара на Москва. 

НАТО одржа украински самит
Денес во центарот на вниманието на учесниците на самитот на НАТО беше разгледувано прашањето за состојбата на земјите членки кои се граничат со Русија. Москва беше предмет на жестоки критики практично од сите 28 членки на НАТО за наводниот упад на југоистокот од Украина и за присоединувањето на Крим кон Русија.

Земјите на НАТО, од своја страна, се обидуваат да спроведат ограничена ескалација на конфликтот. Од една страна тие сметаат за неопходно да ѝ одговорат на Русија на нејзините дејствија во однос на Украина, од друга страна не сакаат да дојдат до глобален стратешки конфликт долгорочно гледано. 

Еден од клучните проблеми во односите меѓу Русија и НАТО се крие во меѓусебното неразбирање. Раководството на Алијансата се обидува да ја притиска Москва затоа што е убедено дека со Русија може да се разговара само со јазикот на силата. Многу опасна заблуда. Зашто Русија, која го гледа тој притисок дури и во моменти кога таа реално вложува колосални напори за стабилизација на ситуацијата во Украина, си изведува свој заклучок од тоа. 

Затоа руските лидери одбиваат некакви компромисни решенија и се однесуваат со логика на конфликтот. За да се прекине овој маѓепсан круг Алијансата заедно со Русија треба да се обидат да изнајдат правила за коегзистенција. 

Тимофеј Бордачев, директор на Центарот за европски и меѓународни истражувања на Високата Школа за Економија.

Кога учесниците на самитот во Велс зборуваа за квалитетна промена на политиката во однос на Русија, тие веројатно подразбираа формирање на група за брза реакција, изградба на бази во близина на руските граници и помош за украинските вооружени сили. 

Впрочем, групата за брза реакција нема да се користи надвор од границите на земјите на НАТО. Станува збор за тоа да се дадат гаранции за безбедноста на источноевропските членки на Алијансата од типот на балтичките држави. 

Путин вети отпор на надворешниот притисок
Претседателот на РФ Владимир Путин на 4 декември го имаше своето годишно обраќање до Федералното собрание. Тој зборуваше за кризата во односите со Западот, за економската политика во услови на санкции, за тоа како Москва гледа на причините за конфликтот во Украина. „Руска реч на македонски“ на своите читатели им ги претставува главните тези од обраќањето на лидерот.

Што се однесува до финансиската помош за Украина, тогаш 4,5 милиони евра се два тенка кои во Донбас ќе ги запалат уште при првата битка. Но постои голема веројатност дека за модернизација на украинските вооружени сили ќе издвојуваат пари САД, Велика Британија и Германија како три најголеми антируски земји во НАТО. 

Русија ќе одговори на новата стратегија на Северноатлантскиот пакт со зголемување на борбената готовност, што веќе се случува. Така што нормализацијата на односите меѓу Русија и НАТО во наредните 3-5 години не се очекува. 

Фјодор Лукјанов, претседател на Советот за надворешна и одбранбена политика.

Односите на Русија и НАТО сега не постојат. Постои оживување на реторика на конфронтација при отсуството на можности да се вложат ресурси во тој конфликт. Едноставно ги нема во доволно количество. Од страна на НАТО тоа е очигледно уште сега, од страна на Русија ќе стане очигледно набрзо, кога дури и сферата на одбраната ќе почне да ја чувствува економската криза, реализацијата на програмата за повторно вооружување и зацврстување на одбранбената способност ќе мора да се пролонгира.

Ментално НАТО не е подготвен за целосна конфронтација со Русија, иако постои стремеж да се искористи ситуацијата за да се даде живот на застарената алијанса која нема вистинска работа. Затоа се слушаат одлучни изјави кои се придружувани од каде-каде поскромни дејства. Постои желба да се покаже цврстина, но да не се провоцира. А бидејќи навиката за такво балансирање што ја имаше во студената војна е во голема мера изгубена, се добиваат мошне несигурни колебања од страна во страна.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Повеќе возбудливи стории и видеа на Фејсбук страницата на Russia Beyond-Македонија

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња