Русија ја прави ЕУ зависна од Турција

Извор: Константин Завражин / Росијскаја газета

Извор: Константин Завражин / Росијскаја газета

На 1 декември Владимир Путин беше со официјална посета во Република Турција. Оваа посета е најкусата во историјата на руско-турските односи (таа траеше само неколку часа), но, според резултатите, таа е многу значајна. Русија и Турција се договорија за изградба на атомска централа во износ од 20 милијарди американски долари и за изградба на нов гасовод, кој ќе биде замена за Јужен тек и ќе ја направи Турција најголем регионален енергетски центар.

Посетата на Владимир Путин на Анкара од 1 декември и преговорите со претседателот на Турција Реџеп Таип Ердоган, според мислењето на експертите, се одвиваше во мошне згодно време за Русија. „За првпат, од времето на Ататурк, некој турски лидер покажа толку топол прием за односите помеѓу Русија и Турција, при што толку негативно зборуваше на западните земји, споредувајќи ги со агресори, обвинувајќи ги за негативен однос кон исламскиот свет. Затоа некои турски медиуми веќе успеаја да ја наречат посетата како средба на осаменици“, вели постариот предавач на Дипломатската академија при МНР на РФ Владимир Аватков.

„Двајцата осаменици“, незадоволни од политиката на Европската Унија, му приредија мошне непријатно изненадување. На почетокот Владимир Путин на прес-конференција изјави дека Русија се откажува од гасоводот Јужен тек (чија моќност требаше да изнесува околу 60 милијарди кубни метри гас). „Гледаме дека се прават препреки за негова реализација. Доколку Европа не сака да го реализира, значи дека проектот нема да се реализира... На крајот на краиштата тие се купувачи“, изјави рускиот претседател. 

Кој настрада од откажувањето од Јужен тек
Русија ја прекина изградбата на гасоводот Јужен тек поради позицијата на Бугарија. Според оценката на експертите, една од причините за откажувањето од проектот можеби е и неговото нагло поскапување. Во секој случај Бугарија ќе ги изгуби средствата од транзитот на гасот на својата територија, германските, јапонските и италијанските компании нема да добијат средства за склучените договори, а самиот гасовод ќе биде пренасочен преку Турција.

Според експертот на нафта и гас Дмитриј Марунич во ситуацијата со Јужен тек, не станува збор за капитулација на Кремљ, туку за обид да се влијае врз позицијата на Европската Унија, да го принуди или да се согласи за Јужен тек, или да добие алтернативен, помалку удобен гасовод за Европската Унија. Работата е во тоа што според првиот човек на „Гаспром“ Алексеј Милер, за време на посетата на Владимир Путин беше потпишан меморандум за заемно разбирање за изградба на гасоводот преку Црно море во правец на Турција, низ кој исто така ќе минуваат 60 милијарди кубни метри, кои беа планирани да бидат испорачувани преку Јужен тек. Од нив 14 милијарди ќе останат во Турција, а останатиот обем ќе замине во правец на Грција. 

Всушност, за Русија особена разлика меѓу овие два проекта не постојат. И двата го решаваат клучниот проблем – да се исклучи од шемата на транспорт на гас неодговорната Украина, а износот на проектот е речиси ист. Впрочем, Москва беше принудена да ѝ дадете на Турција бонус за соработка во вид на намалување на цената за гас за оваа земја за 6% (според неофицијални извори Турците барале 15%), што е мошне прифатлива сума за еден олку важен проект. 

За ЕУ откажувањето од изградбата на Јужен тек беше обременета со економски и со политички трошоци. Како прво, некои земји се лишени од заработката за транзит. Според Владимир Путин, Бугарија нема да добие 400 милиони долари годишно. Како второ, Турција ќе стане енергетски центар, преку кој во Европската Унија ќе се испорачува јаглеводороди од Русија, од Азербејџан, и, во перспектива, од Иран. Контролата врз овие текови ќе ѝ овозможат на Анкара да се чувствува многу поуверено на преговорите, особено во прашањата поврзани со можното членство на Турција во ЕУ. 

Ваквата ситуација влијае поволно во зближувањето помеѓу Москва и Анкара

Симбол на прогресот во билатералните односи може да стане проектот за изградба на атомската централа „Акују“ во Турција според руски проект. „Проектот е уникатен во смисла на тоа дека тој за првпат се гради според принципот 'плати – владеј – експлоатирај', односно руската компанија ќе биде сопственик на оваа централа. Секако, ова е голем обем на инвестиции од 20 милијарди американски долари“, изјави рускиот лидер. Завршувањето на изградбата на централата е предвидено за 2022 година.

Гледаме дека се прават препреки за негова [на Јужен тек] реализација. Доколку Европа не сака да го реализира, значи дека проектот нема да се реализира... На крајот на краиштата тие се купувачи. 

Владимир Путин

Претседател на РФ

Експертите забележуваат дека Анкара не се обидува да го искористи сложената ситуација во која се најде Русија, и продолжува со почит да се однесува кон интересите на Москва на Јужен Кавказ. „Турскиот неоосманизам во однос на Закавказјето е претеран, таму Турција има сосема предвидливи позиции: зачувување на сојузничките односи со Азербејџан, зачувување на силното економско и хуманитарно влијание на Грузија и балансирање на работ на карање и примирје со Ерменија. Никаква значителна експанзија на Турција во регионот нема“, објаснува за „Руска реч на македонски“ постариот научен соработник на Центарот за проблеми на Кавказот и за регионална безбедност на Московскиот државен институт за меѓународни односи Николај Силаев. 

Освен тоа, Турција на крајот и фактички се откажа од директна поддршка на антируската линија во кримско-татарскиот меџлис. „По референдумот во Крим и кон неговото присоединување кон РФ водечките турски политичари и МНР на земјата активно ја покренаа идејата за апсолутна незаконитост на дадениот акт. Прозвучеа обвиненија на сметка на Русија за агресија, за угнетување на правата на кримските татари, кои Турција ги штитеше во последните години. Сепак, постепено антируската пропаганда во врска со Крим почна да гасне во турските медиуми. Прашањата за економската соработка (меѓу кои и можното учество на турските бизнисмени во слободната економска зона на Крим) се покажаа приоритетни за земјата“, вели Владимир Аватков. 

Единственото прашање за кое двете земји не можат да се договорат е Сирија. Сепак овие несогласувања не можат да го нивелираат потенцијалот за соработка кој сега постои помеѓу Анкара и Москва.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.