Медиум: Меркел ќе предложи пожестоки санкции против Русија

Канцеларката на Германија Ангела Меркел сака да ги засили санкциите против Русија поради Сирија, пишува германски „Франкфуртер Алгемајне Цајтунг“.

Канцеларката на Германија Ангела Меркел има намера да се заложи за засилување на санкциите против Русија поради дејствијата на Москва во Сирија, соопштува „Франкфуртер Алгемајне Џајтунг“.

Ова прашање ќе се дискутира на заседанието на Европскиот совет кое е закажано за 20 и 21 октомври.

Се разгледува можноста за воведување санкции во сферата на производство на авиони и во сферите поврзани со одбранбената индустрија.

Весникот прецизира дека претседателот на САД Барак Обама е подготвен да ѝ даде поддршка на Меркел доколку земјите-членки на ЕУ постигнат заедничка согласност по повод новите мерки на ограничување против Москва.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња