Меккејн го критикува Кери за „сервилност пред Путин“

Во својата заедничка изјава американските сенатори-републиканци Џон Меккејн и Линдзи Греем остро ја осудија посетата на државниот секретар на САД Џон Кери, нарекувајќи ги неговите постапки „сервилност пред Владимир Путин“, пишува „Дејли Колер“.

Во својата заедничка изјава Меккејн и Греем бараат од Барак Обама „да стави крај на опасниот план на државниот секретар Кери, кој се состои во тоа да ѝ помогне на Русија во поддршката на крвавиот режим на Асад во Сирија“, пишува „Дејли Колер“.

„Вчерашната сервилност на државниот секретар Кери пред Владимир Путин во Москва стана несмасна кулминација на катастрофалната сириска политика на сегашната администрација“, која е во заблуда во однос на Русија и упорно продолжува да ја смета за партнер, истакнуваат сенаторите.

Според мислењето на Меккејн и Греем, предложениот од Вашингтон договор за размена на информации со Москва за идентификување на целите за воздушните напади во Сирија е исто толку „слаба политика“ како онаа која му дозволи на сирискиот лидер Башар Асад да остане на власт. Дури и откако тој „ги претвори мирните протести во крвава граѓанска војна“, тврдат сенаторите.

Според првичната верзија на договорот до која дојдоа медиумите, договорот подразбира проширена соработка меѓу руските и американските специјални служби, како и формирање одделни штабови и заеднички команден центар, констатира „Дејли Колер“. Доколку Русија го потпише, тогаш нејзината авијација ќе може да нанесува удари единствено по оние објекти кои ќе бидат одбрани заедно со Вашингтон. Покрај тоа, таа ќе мора да ги одвраќа и сириските воздушни сили од удари во наведените области.

За разлика од „Исламската држава“, терористичката организација „Фронтот ан-Нусра“ во голема мера е насочена кон соборување на Асад, затоа Русија „со поголемо задоволство“ истапува против неа, но многумина американски политичари не се согласни со тоа, се вели во статијата. Без оглед на заинтересираноста на Стејт департментот за овој договор со Русија, сенаторите Меккејн и Греем, како и многу високопозиционирани функционери во Министерстворо за одбрана на САД сметаат дека „Путин успеал да ја надмудри администрацијата на Обама“.

Според нивните зборови, ако Пентагон биде принуден да соработува, тие ќе се обидат да постигнат колку што е можно помалку Вашингтон да разменува информации со Москва, потенцира „Дејли Колер“. Тоа ќе ги лиши Русите од решавачката предност во борбата со милитантните групи кои се стремат да го соборат режимот на Асад, смета изданието.

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња