Путин: Русија не сака железни завеси

Извор: Михаил Метцељ / ТАСС

Извор: Михаил Метцељ / ТАСС

Претседателот на РФ Владимир Путин изјави дека Русија ќе ги штити своите геополитички интереси и дека ќе креира своја агенда.

„Ние не треба да се натпреваруваме (со Западот). Едноставно не треба да се натпреваруваме!“ - изјави тој во интервју за новинската агенција ТАСС во рамките на специјалниот проект 'Првите лица'. – Треба спокојно да ја следиме својата агенда... Доколку Русија зборува за тоа, ги штити луѓето и своите интереси, веднаш станува лоша“.

Путин забележа дека спокојно се однесува кон обидите за притисок врз Русија однадвор. „Само што Русија стана на нозе, почна за да се зацврстува и да изјавува за правото на заштита на своите интереси надвор, односот и кон самата држава и кон нејзиното раководство веднаш се менува“, вели тој. 

Притоа, претседателот е уверен дека „ние не треба да доведуваме до ескалација на ситуацијата, ниту да драматизираме“. „Треба да сфатиме дека светот е така создаден, тоа е борба за геополитичките интереси, а по нив е значењето на земјата, нејзината способност да генерира нова економија, да ги решава социјалните проблеми, да го подобрува животно ниво на граѓаните“, појасни Путин. „Борбата за геополитичките интереси доведува до тоа земјата или да стане посилна, поефективно да ги решава финансиските, економските, а по нив и социјалните прашања, или паѓа како земја од трето или од петто ниво, губејќи ја можноста да ги штити интересите на својот народ“, констатираше тој. 

Путин предлага создавање нов светски поредок
Претседателот на Руската Федерација Владимир Путин ја повика меѓународната заедница да изработи нов светски поредок, за да се избегне појавување конфликти. Притоа основната одговорност за проблемите на современоста им ги припиша на САД чија политика доведе до распаѓање на системот на глобалната безбедност, а исто така и до низа државни преврати во земјите од Блискиот Исток и во Украина. Според руските експерти, Путин ја потврдил неизменетата позиција на Русија и го по повика Западот на дијалог за решавање на натрупаните проблеми.

Претседателот исто така изјави дека Русија нема намера да се оградува од останатиот свет и подига нови огради. „Не го правиме тоа и немаме намера да го правиме“, - изјави тој. „Ние ја знаеме погубноста на железната завеса за нас“, - рече Путин.. „И во историјата на другите држави постоеле периоди кога земјите се обидувале да се оградуваат од останатиот свет, па за тоа плаќале мошне висока цена. Практично со деградација и со распаѓање“, - спомена тој. „Ние во ниту еден случај нема да тргнеме по тој пат и никој не гради ѕид околу нас. Тоа е невозможно“, - уверен е шефот на државата. 

Путин исто така изјави дека не се чувствува неудобно од заладувањето на односите со „големата седумка“. 

„Не, не се чувствувам неудобно. Зошто? Мене ми е потребен резултат“, изјави шефот на државата. 

„Знаете, доколку сакаме да се удираме еден со друг по рамо, да се нарекуваме пријатели, да си одиме на гости и на Г8, а целата вредност на неформалната комуникација е во тоа да се седи еден до друг, без оглед на нашите интереси и внимание на позициите на Русија при решавањето на едени или други клучни прашања, тогаш зошто ни е потребно тоа?“, рече Путин.

На прашањето дали Путин ќе остане претседател засекогаш, шефот на државата одговори: Не. „И за земјата тоа не е правилно, штетно е, а и мене тоа не ми е потребно“, појасни тој. „Знаете, јас сум во таква состојба и во таква положба што нема што да се крие...“, рече претседателот. Притоа, според него, не станува збор за умореност. „Јас тргнувам од современата реалност, од среднорочните прогнози... Нема смисла за што да се фатам. Сфаќате, повеќе нема никаква смисла“, појасни тој. 

Путин забележа дека Уставот му дава право повторно да се кандидира за највисокото државно место. „Да, постои можност за мое повторно кандидирање“, вели тој. „(Уставот) дозволува, но тоа воопшто не значи дека ќе донесам такво решение“, подвлече Путин. „Ќе тргнам од општиот контекст, од внатрешното сфаќање, од своето расположение“, додаде тој, при што забележа дека сега е рано да се мисли на тоа. „Дали таа (можноста за кандидирање – ТАСС) ќе се реализира, засега не знам“, рече Путин. 

Претседателот на РФ смета дека е погрешно мислењето за тоа дека во Русија сè зависи од него. „Тоа е погрешно мислење, заблуда; сосема не е така. Би кажал и дека апсолутно не е така!“, рече тој. „Само се чини дека сè зависи од првиот човек“, подвлече Путин. Тој призна дека постојат некои прашања, онаму каде што не постои единствена позиција, тој „навистина мора да се вмеша“. „Но, да се каже дека претседателот самиот ги решава сите прашања, дека сè и секогаш зависи од него... Тоа не е така“, рече тој. 

Покрај тоа Путин смета дека е природно што многу работи во Русија се асоцираат со неговото име. „Шефот на државата, првиот човек секогаш се асоцира со земјата на еден или на друг начин; и тоа не се однесува само на Русија“, рече тој.

Претседателот исто така изјави дека во ситуацијата со Крим била донесена стратешка одлука и подвлече дека е уверен во својата правилност. 

„Кога Русинот ја чувствува правдината, тој е непобедлив. (...) Еве, доколку почувствуваме, дека некаде, извинете, направиле нешто гадно, дека постапиле неправедно, тогаш кај нас сè би висело на влакно. Кога не постои внатрешна убеденост во правдината, тоа секогаш доведува до некакви колебања, а тие се опасни. Во овој случај кај мене не постојат сомнежи“, изјави Путин. 

На прашањето дали биле пресметани последиците од дејствијата на РФ во врска со Крим, Путин одговори потврдно. „Да. Тоа е стратешка одлука“, рече тој. На репликата дали тоа ќе заврши со добро, претседателот рече „Мислам дека така и ќе биде“. 

Целото интервју на руски јазик на сајтот на ТАСС.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Повеќе возбудливи стории и видеа на Фејсбук страницата на Russia Beyond-Македонија

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња