Русија го поддржува кинескиот пристап за интеграција во АТР

Извор: Ројтерс

Извор: Ројтерс

Самитот на АТЕС во Пекинг кој заврши на 11 ноември покажа дека Кина се стреми да ја игра улогата на лидер во АТР. Во многу нешта за тоа придонесува инертната позиција на САД и курсот на Москва за стратешко партнерство со Пекинг и развој на рускиот Далечен Исток.

Во завршната декларација на самитот лидерите на најголемите економии на Азија и Тихоокеанскиот регион се подвлекува: „Од АТЕС се очекува консолидација и унапредување на регионалната економска интеграција, поддршка на мултилатералниот систем на трговија, отпор против протекционизмот во сите негови појави, како и чекори за спречување можна фрагментација на регионалната трговија.“ 

Одговор на овие предизвици треба да стане лансирањето на процесот на создавање на Азиско-тихоокеанска зона за слободна трговија (АТЗСТ), а едно од неговите дополнувања  стана Мапата на учеството на АТЕС во реализацијата на АТЗСТ. Ова, како што истакна домаќинот на самитот Претседателот на НР Кина Си Гинпин е едно од главните достигнувања на форумот.

Згора на тоа, ова е и најважното достигнување на Кина, која ја формулираше оваа иницијатива на самитот и има намера да застане на чело на нејзината реализација, и покрај тоа што разговорите за тихоокеанска интеграција течеа од самиот почеток на АТЕС, т.е. еве веќе 25 години.

Суштината на кинескиот предлог е алтернатива на американската идеја за Транс-тихоокеанска заедница. И тоа е зона за слободна трговија во која треба да влезат САД, Јапонија како и повеќето земји од регионот блиски на Вашингтон. Но не и Кина и Русија.

Откако пред 2 години го прогласија АТР за регион на своите клучни национални интереси, претседателот Барак Обама развива систем за запирање на КинаТој систем во многу нешта ги копира односите во Европа, каде границите на ЕУ речиси потполно се совпаѓаат со зоната на одговорност на НАТО.

Веројатно затоа спроти самитот кинеските медиуми ја нарекоа политиката на Обама „банална“. Во Русија експертите имаат слично мислење.  „САД во Пекинг не предлагаат ништо ново“, забележува Глеб Ивашенцов, заменик-директор на Рускиот центар за истражување на АТЕС.

Кина, пак, на самитот предложи сеопфатно партнерство без линии на разграничување кои стимулираат конфронтација. И во тоа ја доби целосната поддршка на Русија. Говорејќи на првото работно заседание на лидерите на економиите на форумот на АТЕС Преседателот на Русија Владимир Путин истакна: „Во овој контекст би сакал високо да ја оценам изготвената од кинеското претседателство мапа за поддршка во напредокот кон Азиско-Тихоокеанската зона за слободна трговија. Предвидените мерки во неа ќе помогнат да се хармонизираат интегративните иницијативи кои се реализираат на просторите на АТЕС.“ Впрочем, претседателот на РФ истакна дека „секоја нова спогодба не треба да нанесува штета на мултилатералниот систем на трговија на СТО. “

Ова е и критика на американскиот концепт на Транс-тихоокеанската заедница, и поддршка на кинеската позиција која наликува на руските предлози кои беа истакнати во 2012 година во текот на самитот на АТЕС во Владивосток.

Единство во пристапот и пораст на трговијата

Концептуалното единство во пристапот на Москва и Пекинг во соработката во АТР се потврдува и со интензивниот развој на билатералните трговско-економски врски кое се виде меѓу другото и на маргините на самитот на АТС. Беше постигнат начелен договор за уште една – западна – траса за испорака на гас во Кина која го руши монополот на Европа како главен потрошувач на рускиот гас.

Путин во Пекинг го потврди источниот курс на Русија
Русија има намера активно да ја развива економската соработка со земјите на Азиско-Тихоокеанскиот регион (АТР) и на прво место со Кина - ова е главната порака од настапот на претседателот Владимир Путин.

Покрај тоа, „Роснефт“ и Кинеската национална корпорација за истражување и производство на нафта и гас на маргините на самитот на АТЕС потпишаа рамковна спогодба за 10 проценти учество од страна на компанијата во ВанкорнефтОва е сериозна повластица за кинеските увозници. Се зголемува и директната испорака на нафта во Кина. Како што изјави првиот човек на „Роснефт“ Игор Сечин Русија и НР Кина усогласија дополнителна испорака на нафта во обем од 5 милиони тони нафта годишно.

Ќе напоменеме дека уште во јуни 2013 година „Роснефт“ и Кинеската национална нафтена корпорација (CNPC) потпишаа долгорочен договор за испорака на руска нафта во Кина. „Обемот е  365 милиони тони во текот на 25 години, обемот на зделката е проценет на 270 милијарди долари“, изјави тогаш Сечин.

Не станува толку збор за надминување  на сегашните санкции во однос на Русија, колку за стратешко свртување на Русија кон Исток што го објави уште пред 2 години рускиот претседател.

И не станува збор само за зацврстување на партнерството со Кина. Приоритет за Русија на база на економската соработка во АТР да ја заживее и развие економијата на Сибир и на рускиот Далечен Исток. „Единствено тоа ќе ѝ овозможи на земјата да си го поврати изадржи статусот на голема држава. Поинаков пат нема“, истакнува Глеб Ивашенцов.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња