Путин во Пекинг го потврди источниот курс на Русија

Фотографија: Константин Завражин / Росијскаја газета

Фотографија: Константин Завражин / Росијскаја газета

Русија има намера активно да ја развива економската соработка со земјите на Азиско-Тихоокеанскиот регион (АТР) и на прво место со Кина - ова е главната порака од настапот на претседателот Владимир Путин.

На 10 ноември претседателот на РФ Владимир Путин, говорејќи на деловниот самит на форумот на АТЕС изјави дека Русија и земјите на Азиско-Тихоокеанскиот регион (АТР) треба да го искористат потенцијалот на соработката за заемна корист. 

„Русија како дел од АТР е обврзана да ја користи онаа конкурентска предност која ја дава овој брзорастечки центар на економска, технолошка, инвестициска сила“, ги  цитира зборовите на претседателот ИТАР-ТАСС. „Од своја страна, развојот на Сибир и Далечниот Исток е исто така уникатна шанса за земјите од овој моќен регион, можност ефикасно да се искористат перспективите што се отвораат овде и уште повеќе да го зајакнат својот потенцијал“, кажа шефот на државата.

Путин ја нарече соработката со АТР стратешки и приоритетен правец за Русија. И според неговите зборови, Русија планира редица чекори за развој на соработката со земјите од регионот, меѓу другото и да го зголеми уделот на АТР во својата надворешна трговија од сегашните 25 на 40%.

За зоната за слободна трговија

Русија ја поддржува идејата за формирање Азиско-Тихоокеанска зона за слободна трговија и смета на соработка од овој формат со Евроазискиот економски сојуз. 

„За најважно достигнување на кинеското претседателство (во АТЕС)  ја сметаме координацијата на конкретните чекори за создавање на идната Азиско-Тихоокеанска зона за слободна трговија“, кажа претседателот на РФ Владимир Путин на деловниот самит на АТЕС. 

„И се разбира, идната Азиско-Тихоокеанска зона за слободна трговија треба да соработува со другите крупни регионални економски организации“, изјави Путин. 

Кина - клучен партнер 

Еден ден претходно, на 9 ноември, најважни за Владимир Путин беа, се разбира, разговорите со кинескиот лидер Си Ѓинпин.  

Шефовите на државите констатираа позитивен развој на билатералната соработка. Претседателот на РФ изјави за извонредната важност на соработката на Русија и Кина „за зачувување на светот во рамките на меѓународното право, правејќи го постабилен“. 

По средбата на шефовите на државите портпаролот на претседателот на Русија Дмитриј Песков соопшти дека Владимир Путин и Си Ѓинпин ја разгледаа можноста за плаќање во јуани при соработката на двете земји во најразлични области, „вклучувајќи ги и толку чувствителните како што е СТО“. 

Гасот на прво место 

По завршувањето на разговорите руската и кинеската страна потпишаа 17 документи, меѓу кои и Меморандум за испорака на гас од Русија во Кина по таканаречената „западна“ траса (од наоѓалиштата во западен Сибир). 

Како што пишува весникот „Комерсант“,  договорот за испорака по западната траса ќе биде потпишан до крајот на 2015 година (подоцна министерот за енергија Новак прецизираше дека ќе го потпишат во првата половина на 2015 година), дека по неа ќе тргнат 30 милијарди кубни метри гас, дека ќе важи 30 години.  

„Дефинирани се роковите за изградба, - објасни првиот човек на „Гаспром“ Алексеј Милер,  тие се истите како и по источната траса, односно четири плус две години, на тој начин рокот за пуштање во работа на гасоводот по стапувањето на договорот на сила е од четири до шест години...“ 

Алексеј Милер изјави дека по таа траса зголемувањето на капацитетот на испораката може да достигнува и 60 милијарди, и 100 милијарди кубни метри гас годишно. 

Според оценките на набљудувачите, секој од 17 потпишани документи (изградбата на хидроцентрали на Далечниот Исток, отворањето кредитни линии меѓу Сбербанк и Извозно-увозната банка на Кина, изградбата на фабрики за производство на цемент) сведочи за тоа дека Русија навистина се врти во правец на Кина. 

Јапонија и Чиле предложија своја агенда 

Првиот ден од престојот во Пекинг Путин исто така имаше средби со лидерите на Јапонија и Чиле.  

За јапонскиот премиер Шинзо Абе поважно беше тоа што го изјави претседателот на Русија: „Добро е што  имаше обнова на нашите преговори за склучување на мировен договор“. Заслужува внимание дека обновувањето на преговорите се случува по придружувањето на Јапонија на санкциите воведени против Русија од страна на Европската Унија и САД.  

Што се однесува до разговорите со претседателката на Чиле Мишел Бачелет, тука на прво место беа прашањата за економска соработка. Чиле смета на соработка со Русија и земјите од Царинската унија во прашањата за формирање зона за слободна трговија (ЗСТ), изјави Мишел Бачелет. Русија, од своја страна, го смета Чиле за важен извозник на земјоделски производи, способен да ги зголеми испораките по откажувањето на РФ од увоз на европски продукти.

Според материјали на РИА Новости, ИТАР-ТАСС, Комерсант

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Повеќе возбудливи стории и видеа на Фејсбук страницата на Russia Beyond-Македонија

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња