Медиум: Споредба на подморниците „Јасен“ на РФ и „Вирџинија“ на САД

Кајл Мизоками ги спореди карактеристиките на руските атомски подморници од четврта генерација од проектот „Јасен“ и нивните американски противници – повеќенаменските нуклеарни подморници од класата „Вирџинија“.

Експертот на магазинот „Национален Интерес“ Кајл Мизоками ги спореди карактеристиките на руските атомски подморници од четврта генерација од проектот „Јасен“ и нивните американски противници – повеќенаменските нуклеарни подморници од класата „Вирџинија“.

Според аналитичарот, со распадот на Советскиот Сојуз и исчезнувањето на советската флота САД со децении се здобија со „неоспорна поморска супериорност“, која сега е оспорена од руските подморници од проектот 885 (0885) „Јасен“ – пловила со „смртоносно педигре“. Од технолошки аспект, предводници на флотите на двете земји се повеќенаменските нуклеарни подморници K-560 „Северодвинск“ и подморниците од класата „Вирџинија“ од серијата Блок 3 (Block III). 

Подморницата „Северодвинск“ е побавна од американските противници, но е во можност да се нурне подлабоко од подморниците од класата „Вирџинија“, кои можат да се нурнат до максимална длабочина од 488 метри, истакнува аналитичарот.

„Двете страни се добро вооружени, со оглед дека „Северодвинск“ има противбродски систем „Клуб-С“ (Club-S, односно „Калибар-ПЛ“), кои ѝ овозможуваат на руската подморница брзо да реагира на дејствијата на непријателските пловила, вооружени со мали торпеда“, истакнува експертот.

Подморниците од класата „Вирџинија“ се потивки и имаат подобри од „Северодвинск“ хидролокациски системи, смета аналитичарот. Во полза на руската подморница оди нејзината брза реакција - K-560 ќе одговори побрзо на ненадејна појава на цели со користење на крстосувачките ракети.

Според експерт, хидролокациските и хидроакустичните способности на американските подморници во целина им даваат предност во однос на руските противници. Во исто време, со крајот на Студената војна, САД престанаа да се  однесуваат кон модернизацијата на подморничката флота со должно внимание, а по нападите на 9/11, ситуацијата е уште повеќе влошена, и безусловната предност во однос на Русија повеќе не ја немаат, смета аналитичарот на „Национален Интерес“.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња