Извор: Getty Images / Fotobank
Веќе беше објавено дека на маргините на самитот Путин веќе првиот ден ќе се сретне со претседателот на НРК Си Ѓинпинг. „Лидерите ќе разговараат за прашањата на билатералната соработка, за актуелните меѓународни и регионални проблеми, ќе ги искажат позициите на двете земји во врска со основните теми на дневниот ред на престојниот самит на АТЕС и „Групата дваесет“. Според резултатите на преговорите предвидено е потпишување на низа билатерални документи“, велат од службата за односи со јавноста на Кремљ.
Уште во мај за време на посетата на Путин на Кина двете страни изјавија за новата етапа на заедничкото партнерство и на стратешката заемна соработка. Сепак, потсетија и за старите обврски „за давање цврста поддршка една на друга во врска со прашањата кои се од заеднички интерес, а меѓу другото и за обезбедувањето на суверенитет, територијален интегритет и безбедноста“. Ова е доволно транспарентно навестување на можноста и за воен сојуз, за кој ниту Москва, ниту Пекинг засега отворено не зборуваат.
Оваа позиција ја потврдува и наглото забрзување на руско-кинеските економски врски.
Уште во мај беше склучен мегадоговор за изградба на гасоводот „Силата на Сибир“ и испорака на природен гас во НРК во износ од 400 милијарди американски долари. Но, ова е само источната маршрута, а освен тоа се водат преговори уште и за западна маршрута, која ќе овозможи во случај на потреба да се пренамени за Кина гасот кој оди во Европа од Западен Сибир. Ваквата еластичност многу ѝ одговара на Русија.
Во октомври државниот концерн „Роснефт“ ја обелодени продажбата на 10% од акциите од проектот за разработка на најголемото наоѓалиште на нафта во Источен Сибир на кинеската државна нафтена корпорација CNPC. Оваа кинеска компанија обезбеди 20 проценти од акциите на проектот од претпријатието СПГ на Јамал преку компанијата Новатек. Всушност, Русија на крајот им обезбеди на Кинезите пристап до разработката на своите наоѓалишта.
Активно се разгледуваат проектите за изградба на првата супербрза магистрала во Русија Москва-Казањ со учество на China Railway Construction Corp. Обемот на зделката изнесува околу 10 милијарди американски долари со перспектива за понатамошно продолжување на линијата до Пекинг. Huawei Technologies разгледуваат сличен проект во областа на мобилната телефонија.
За обезбедување на зделките Државните банки на двете земји склучија спогодба за резервни свопови во рубли и во јуани на сума еднаква на 25 милијарди американски долари. Тоа ќе му овозможи на рускиот бизнис да ги заобиколи западните санкции на заем во странски банки, а на Кина да ги заштеди девизните резерви. И со сево ова се исфрла доларот од заедничките пресметки.
Со еден збор, руско-кинеските односи ги живеат своите најсреќни денови, и тоа уште еднаш се потврдува со претстојните преговори помеѓу Путин и Си. За САД ова ќе биде очигледна потврда за сето она што со својата сегашна политика на санкции тие со сета сила ја тераат Русија во Кина.
Заедно со тоа, не треба да се заборави, дека Москва не е ориентирана само на кинеската страна.
Во Пекинг, на маргините на самитот, ќе биде одржана средба помеѓу Путин и јапонскиот премиер Синѕо Абе. Јапонија, како што може, ѝ сигнализира на Москва дека рацете ѝ се врзани со санкциите против Русија и дека е подготвена да ја разгледа економската соработка на Сибир. Згора на тоа, таа е единствената земја која навистина има реално искуство во ова прашање уште од советските времиња. На пример, имено Јапонија заедно со Руската Федерација го западна освојувањето на сахалинското наоѓалиште на нафта и гас.
Заедно со тоа, Русија, откако го обелодени своето свртување кон Истокот, е отворена за повеќестрана соработка. Во очи на самитот Владата на Русија во Државната дума го испрати нацрт-законот за териториите на приоритетен развој (ТОР) на Далечниот Исток.
Како што во октомври изјави министерот за развој на Далечниот Исток Александар Галушка, во нацрт-законот за ТОР се реализирани две клучни идеи – големо дерегулирање и значително даночно стимулирање, меѓу другото и во интерес на странските инвеститори. Според него, се планира дека со ТОР ќе се обезбедат 600 милијарди рубли директни инвестиции и повеќе од 37 илјади нови вископроизводствени работни места.
Доколку списокот од 14 избрани територии биде одобрен, мрежата на ТОР во себе ќе вклучува три морски пристаништа, два логистички јазли, два хемиски и три кластери за индустриско земјоделство, центар за авиоградежништво, производство на градежни материјали, дијамантско-јувелирско производство и научно-образовен центар. Според податоците на Министерството за развој на Далечниот Исток, поголем дел од ТОР – 11 од 14 – се наоѓа во регионите што се граничат со Кина, две територии се наоѓаат во Јакутија, една на Камчатка. Пет од 14 ТОР ќе се наоѓаат во Приморскиот крај, меѓу нив е територијата на островот Руски во Владивосток, каде во 2013 година беше одржан самитот на АТЕС.
Во основа во овој нацрт-закон се наоѓа основниот приод на Русија кон политиката на АТР – економската соработка пред сѐ.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче