Извор: Григориј Сисоев / РИА Новости
Потпретседателот на Руската Федерација при НАТО Александар Грушко во интервју за весникот „Комерсант“ ги изнесе резултатите од првиот месец откако новиот генерален секретар Јенс Столтенберг стапи на функција и раскажа за тоа како Москва ќе ги гради односите со алијансата во услови на криза.
Се остварија ли оптимизмот што го имаа експертите во врска со новиот генерален секретар?
Александар Грушко: Не би сакал ниту да ја омаловажувам, ниту да ја преувеличувам улогата на генералниот секретар. Тој го изразува мислењето на сите 28 членови на алијансата и во своите изјави, без оглед на неговата личност, се потпира на заедничкиот содржател на позицијата на сојузниците. А, приодите на НАТО за различни аспекти на глобалната и на регионалната безбедност, вклучувајќи го и падот на односите со Русија, беа определени на самитот на алијансата во Велс во септември.
Како ги оценувате резултатите на овој самит?
АГ: Според она како во практика се исполнуваат неговите решенија, во НАТО имаат намера да ја зголемуваат оперативната подготвеност на силите и да ја поместуваат својата воена инфраструктура кон границата со Русија. Тоа е директен пат кон ескалација на заостреноста и подрив на воената безбедност во регионални размери и во целост во Европа...
Како ќе се однесува Русија во ваква ситуација?
АГ: Во НАТО не можат да не сфатат дека новата засилена конфигурација на силите на алијансата ќе биде земена предвид во нашето воено планирање и Русија ќе ги преземе сите неопходни мерки за да обезбеди заштита од какви било закани.
Постои ли во Москва некаква стратегија за обновување на односите со НАТО? Јенс Столтенберг изјави дека НАТО е подготвена за обновување на односите, но Русија треба да ја измени својата политика во однос на Украина.
АГ: Денес за многумина е очигледно дека „конфронтациските очекувања“ се натрупуваа во низа земји на алијансата во текот на неколку години, но не наоѓаа излез. Тоа се огледаше и во неприфаќањето на растечката улога на Русија во светот, и во необмислените обвиненија за наша некооперативност, и во наводната неподготвеност за соработка во врска со ПРО и со други клучни прашања за безбедноста.
Тоа значи дека односите почнаа да се заладуваат пред Украина?
АГ: Во услови кога по завршувањето на авганистанската операција на НАТО му се закануваше перспектива да остане без голема работа, алијансата бараше нови точки. Уште многу пред настаните во Украина во НАТО беа разработувани планови за нагло интензивирање на воените вежби, со цел да се надополнат загубите на постоечкиот гигантски полигон за воени дејствија, како што беше операцијата МССБ на алијансата (во Авганистан). Но, потребен беше силен повод за „враќањето кон почетоците“ – територијална одбрана од периодот на студената војна, - и тој беше најден преку настаните во Украина...
Но, властите на РФ исто така не му веруваа на НАТО. Можеби за заладувањето на односите се виновни обете страни?
АГ: Ние не сме се откажале од дијалог со НАТО. Ние не донесовме одлука за запирање на проектите за практична соработка во Советот Русија-НАТО. Уште еднаш ќе подвлечам, ние соработувавме со НАТО не заради соработка, туку со цел зацврстување на безбедноста на целиот Евроатлантски регион. Цврсто се придржувавме кон позициите за тоа дека вистинската соработка е можно само во услови на рамноправност и на заемно почитување.
Што од наша гледна точка изгуби НАТО, прекинувајќи ја соработката во рамките на Советот Русија-НАТО?
АГ: Прекинувајќи ги врските со Русија, алијансата го заслабна потенцијалот на меѓународните напори во борбата со тероризмот, со пиратството, со ширењето на оружјето за масовно уништување, трговијата со наркотици, со регионалната нестабилност...
Господинот Столтенберг изјави дека намерата на НАТО да го прошири военото присуство во Источна Европа не го нарушува договорот со РФ. Навистина ли е така?
АГ: Врз база на основниот акт на Русија-НАТО од 1997 година алијансата врз себе ја презеде обврската да не стационира на територијата на источноевропските земји-членки дополнителни воени сили на постојана основа, а исто така и нуклеарно оружје и инфраструктура за него. Сега гледаме значително зголемување на источните делови на воената авијација на сојузниците, зголемена воена активност на земјите на алијансата во Балтичкото и во Црното море, организирање вежби, кои всушност беа фокусирани на одбивање на „агресија од Истокот“, во врска со таа цел и префрлање од САД во Европа тешка воена техника, а исто така и стартување на американската стратешка авијација...
Но, на самитот беше кажано дека тоа не е постојано стационирање, туку дека станува збор за постојана ротација. Од гледна точка на Руската Федерација, која е разликата помеѓу едното и другото?
АГ: Не постои разлика. Тоа е едноставно жонглирање со термини. И тоа ротациско присуство се дополнува со сили кои ќе се користат во вежби, кои ќе се спроведуваат практично на постојана основа. Така, според Јенс Столтенберг, алијансата и нејзините членови година веќе има организирано околу 200 вежби и најавуваат одржување нови на секои два дена. На тоа треба да се додадат и повеќемилионските вложувања во модернизацијата на воената инфраструктура на земјите од Централно-Источна Европа...
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче