Извор: Валериј Мељников / РИА Новости
Во неделата на 2 ноември се одржаа избори за органи на локалната управа на самопрогласените Донецка и Луганска народна област. Вкупно за местото шеф на републиката се борат тројца кандидати: шефот на владата на републиката Александар Захарченко; пратеникот во парламентот на ДНР Јуриј Сивоконенко и бизнисменот, претставник на движењето „Југоисток“ Александар Кофман. За места во локалниот парламент се борат две политички движења: „Донецка република“ и „Слободен Донбас“.
Избори
Службата за безбедност на Украина (СБУ) поднесе кривична пријава за „активности, насочени кон насилна промена или уривање на уставниот поредок или преземање на државната власт.“ Исто така, официјалните сили на редот и мирот изјавија дека набљудувачите од ЕУ и другите земји кои присуствуваат на изборите ќе бидат прогласени од Киев за персони нон-грата.
Во гласањето можат да учествуваат лица над 16-годишна возраст, како на сличниот референдум во Шкотска. На референдумот се наоѓаа 51 меѓународен набљудувач од Русија, Абхазија, Јужна Осетија, Србија, Црна Гора и пратеникот во Европскиот парламент Жан-Лик Шафхаузер од Франција.
Според зборовите на претставникот на ЦИК ДНР Роман Љагин, до средината на денот во републиката гласале над 500 000 луѓе. А во ЛНР – 300 000. Бегалците од југоистоот кои живеат на територијата на Русија во логорите до границата, исто така можеа да земат учество во референдумот. Според информаците на ЦИК, само во Воронешката област на три часа до затворањето на избирачките места излезноста изнесуваше 60%.
Прес-службата на владата на југоистокот на Украина веќе објави за обиди за поткопување на референдумот од страна на официјалните власти во Киев. Така, „на 1 ноември во 17:30 украинската војска ги блокираше патиштата за влез на територијата на ДНР од источен и западен правец за да не им дозволи на оние што сакаат да учествуваат во гласањето на изборите на 2 ноември да дојдат до избирачките места.“ Исто така, властите на републиката објавија за уништување на диверзантско-разузнавачки групи на украинскиот баталјон „Днепар-1“.
Кривична истрага
Службата за безбедност на Украина (СБУ) поднесе кривична пријава за „активности, насочени кон насилна промена или уривање на уставниот поредок или преземање на државната власт.“ Исто така, официјалните сили на редот и мирот изјавија дека набљудувачите од ЕУ и другите земји кои присуствуваат на изборите ќе бидат прогласени од Киев за персони нон-грата.
„И сево ова се случува под закрила на странски псевдонабљудувачи кои веќе се, или ќе бидат прогласени за персони нон-грата на територијата на Украина“, се вели во соопштението на следбениците на Украина на Facebook. Како одговор на ова, вршителот на должноста премиер на ДНР Александар Захарченко забележа дека полицијата на југоистокот ќе спроведе своја кривична истрага „за геноцид на населението од југоистокот“.
Позицијата на Русија
Без оглед на целата закана од политички и економски притисок од страна на Запад, Русија го поддржа одржувањето на изборите за органи на локалната самоуправа на југоистокот на Украина. Ова претходно го соопшти министерот за надворешни работи на земјата Сергеј Лавров.
„Изборите што ќе се одржат на 2 ноември на територијата на прогласените Луганска и Донецка народна република ќе бидат важни од гледна точка на легитимизација на власта. Ние сметаме дека тоа е едно од најважните полиња од Спогодбата од Минск“, изјави тој. „Сметаме дека изразувањето на волјата ќе биде слободно и никој однадвор нема да се обиде да го наруши“, истакна министерот.
Како што изјави за „Руска реч на македонски„ претседателот на институтот за стратешки процени Александар Коновалов, Москва претходно го призна исходот од официјалните избори за киевскиот парламент, без оглед на сите претходни изјави за неуставноста на промената на власта и со самото тоа индиректно ја призна легитимноста на новите раководители на земјата.
„Признавањето на резултатите од изборите на југоистокото ќе значи признавање на самите самопрогласени републики, нешто што Русија засега нема намера да го направи. На Москва ѝ се допаѓа што во Украина има опозиција на новите власти; ѝ се допаѓа што некој пројавува самостојност. Сепак, во Кремљ засега матно си претставуваат како ќе го водат понатамошниот дијалог со новите власти на ДНР и ЛНР кои очекуваат многу од меѓусебните односи со Русија“, изјави експертот.
Според зборовите на аналитичарот, Москва ќе продолжи да испраќа конвои со хуманитарна помош во регионот и да дава економска поддршка за обнова на регионот по борбените дејства. „Жарта од конфликтот ќе тлее и Русија ќе може, во случај да се случи нешто непредвидено, да долее масло на огнот. Изборите во ДНР и ЛНР за Москва ќе станат клучен фактор за политички притисок врз Киев“, верува Коновалов.
Како што изјави за „Руска реч на македонски„ главниот научен соработник на центарот за комплексни истражувања на националналниот истражувачки универзитет „Висока школа за економија„ Андреј Суздаљцев, треба да се поздрават обидите на населението на југоистокот да ја уредат својата извршна, законодавна и судска власт. „Русија не го призна, туку го поддржа стремежот на народот на југоистокот да го искаже своето мислење на референдум. Кремљ сака гаранција за одржување на примирјето и продолжение на политичкиот дијалог за решавање на кризата. Во случај Киев да ја прекрши Спогодбата од Минск, Москва може да ги признае резултатите од гласањето. Фактички, тоа ќе значи признавање на независноста на регионот“, смета експертот.
Како што забележа Суздаљцев, таквата ситуација само ќе ја продлабочи кризата во Украина и ќе им даде поттик на политичките сили на југоистокот за понатамошна борба. Исто така, тоа може да доведе до сериозна промена на геополитичката компонента на надворешната политика на Русија. „Признавањето на изборите може да го доведе во прашање сојузничкиот статус на партнерите на Москва според блоковите и економските интеграции. Јасно е дека Казахстан и Белорусија не ги признаваат изборите во ДНР и ЛНР. Статусот на сојузници на Кремљ може да биде подложен на ерозија и да доведе до нов пад во надворешната политика на нашата земја“, изјави тој.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче