Шведскиот контра-адмирал Андерс Гренстад се обраќа на новата конференција во штабот на шведските воени сили во Стокхолм. 19 октомври, 2014. Извор: Ројтерс
Веста за појавувањето на подморница првпат се пронесе во изданието на шведскиот весник Svenska Dagbladet. Изданието соопшти повикувајќи се на неименувани извори за пресретнување на разговори на руски јазик на СОС фреквенцијата во водите на кралството. Сигналот одел од Стокхолмскиот архипелаг за Калининград, каде се наоѓа штабот на Балтичката флота.
Како што изјави командантот на операцијата за пребарување капетанот на Морнарицата на Шведска Јонас Викстром, информацијата за „туѓа подводна активност“ во секторот на Канхолмсфјорд е добиена од веродостоен извор и е сигурна. Во потрагата по подморницата дејствуваат копнени, морнарички, авијатички трупи со учество на над 200 луѓе, соопштува информативната агенција ТАСС повикувајќи се на својот дописник во Стокхолм.
Во неделата навечер контра-адмиралот на Морнарицата на Шведска Андерс Гренстад изјави дека вооружените сили на земјата трипати регистрирале „туѓа подводна активност“ во секторот на Стокхолмскиот архипелаг, меѓутоа не можат да ја потврдат информацијата дека тоа била руска подморница.
Во министерството за одбрана на РФ изјавија дека „никакви непланирани и, уште повеќе, вонредни ситуации со руските воени бродови немало и нема“ и подморници во тоа време немало покрај брегот на Шведска.
„Подморниците на ВМФ на Русија, како и бродовите, ги исполнуваат задачите во меѓународните води во согласност со планот“, се вели во соопштението на сајтот на Министерството за одбрана на РФ.
Мислењето на експертите
„Шведскиот адмирал, за разлика од медиумите, одбира многу заобиколни и внимателни зборови во ова прашање. Тој изјавува за некаква „подводна активност“ во територијалните води. Единствените објавени фотографии се снимки на црна дамка на површината на морето кои наликуваат на снимките на чудовиштето од Лох Нес во Шкотска и не можат да бидат никакви докази за руска вмешаност“, изјави за „Руска реч на македонски“ претседателот на Институтот за стратешки процени Александар Коновалов.
Според зборовите на експертот, шведската војска набројува мноштво објекти кои можеле да бидат забележани од неименуваниот извор на Svenska Dagbladet: подморница, миниподморница, индивидуален моторен апарат за воени нуркачи – и Стокхолм не потврдува ниту еден од нив.
„Демонизацијата на Русија и нејзините вооружени сили водат кон тоа дека денес може да помине како реално секое сценарио за Џејмс Бонд, во кое супер агентот ѝ се спротивставува на „црвената опасност“. Кога „жолтиот“ печат нема за што да зборува, тој измислува приказна која може да се продаде“, изјави за „Руска реч на македонски“ капетанот трета класа на ВМФ на РФ во резерва Дмитриј Литовкин.
Како што раскажа експертот, сомнителен момент во приказната претставува објавениот „СОС сигнал на руски јазик“.
„Најслабиот момент во приказната е СОС сигналот од подморницата на фреквенцијата на ВМФ на Русија. Притоа отпрвин оди текстуалната порака, а потоа кодираниот сигнал. Такво нешто не може да биде, зашто за испраќање порака од таков вид подморницата треба да исплива на површината. Во таа ситуација подморницата истиот момент би се нашла на нишан на крајбрежната стража и патролната авијација на Шведска, а не на некоја радиолокациска служба“, истакна Литовкин.
Според зборовите на експертот, подморницата може да испрати СОС сигнал наоѓајќи се на длабочина преку нискофреквентен линк за комуникација за сметка на антената која оди зад подморницата. „Тоа се брановите кои се испраќаат на специјални станици, каде се регистрира информацијата за состојбата и активноста на подморницата. Тоа не е глас, туку сигнал со определена амплитуда – збир од команди. За да се испрати гласовна порака, треба да се исплива“, забележа капетанот трета класа на ВМФ на РФ во резерва.
Целата приказна мириса на ехо од „студената војна“ и зошто на шведските медиуми им требаше денес да ја истражуваат таа приказна, останува нејасно, смета Литовкин.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче