Бизнисмените полесно до руско државјанство

Извор: ИТАР-ТАСС

Извор: ИТАР-ТАСС

Определени групи странски бизнисмени и инвеститори сега ќе можат поедноставно да добијат руско државјанство. Според мислењето на експертот, одлуката на владата е навремена, но нема да има голем ефект за излез на земјата од рецесијата.

Премиерот на Русија Дмитриј Медведев на 1 октомври потпиша документ за поедноставување на давањето на руско државјанство на определени групи странски бизнисмени и инвеститори. Овие амандмани, со кои се поедноставува добивањето руско државјанство за бизнисмените, инвеститорите и за квалификуваните специјалисти, се донесени уште во јуни 2014 година. Измените се однесуваат само на оние бизнисмени чиј годишен приход надминува 10 милиони рубли, и инвеститорите кои имаат не помалку од 10 проценти во основачкиот капитал на руската компанија. 

„Со цел привлекување странски инвестиции во руската економија поедноставениот начинот на примање во руското државјанство се однесува на странските бизнисмени и инвеститори кои се занимаваат со дејност пропишана во Рускиот класификатор за видовите економски дејности, со определени исклучоци“, се вели во документот. 

Сепак ова нема да се однесува на бизнисмените кои се занимаваат со трговија на големо во Русија. Исто така олеснувањето не се однесува на сите видови дејности поврзани со ремонт на автотранспортни средства и мотоцикли, на работата на хотелите и претпријатијата за исхрана, операција со недвижнини, посредување при работа и избор на персонал, а исто така и за дејностите од областа на рекламата, правото и сметководството. 

„Овие исклучоци се условени со отсуството на потреба за дополнително привлекување на нови учесници во соодветните видови дејност“, се подвлекува во документот. 

Излез од синџирот на санкции 

„Ваквата практика постои во сите страни, и среќен сум што руските законодавци ја забрзаа постапката за указот. Ова е одлична можност да се зголеми бројот на работните места во земјава во период на рецесија која е предизвикана од економскиот притисок на санкциите“, изјави за “„Руска реч на македонски“ шефот на катедрата за регионална економија и економска географија на научно истражувачкиот институт Виша школа за економија Алексеј Скопин. 

Како што забележа експертот, неопходно е да се избегнат ситуации кога за добивање државјанство приходот на бизнисмените и на нивните претпријатија треба да надминува некоја премногу висока граница. 

„Се плашам дека по донесувањето документот нема да има големи влијанија на малите претпријатија. Најважно е ова решение да не стане едноставно чекор за зголемување на имиџот на владата, кое потоа нема да ја добие потребната имплементација во реалноста“, вели за „Руска реч на македонски“ шефот на катедрата за државно регулирање на економијата на Руската академија за народно стопанство и за државна администрација Владимир Климанов. 

Според аналитичарот, одлуката иако ќе покаже незначителен ефект за излез на Русија од рецесија, сепак таа е навремена.

Изјавата на сајтот на владата

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Повеќе возбудливи стории и видеа на Фејсбук страницата на Russia Beyond-Македонија