Извор: Ројтерс
Гробницата била случајно пронајдена од страна на жителите на селото Нижнаја Кринка (60 километри од Донецк) и веднаш го пријавиле случајот во локалната полиција. Истражните органи кои веднаш излегоа на местото заедно со претставници на ОБСЕ, откриле дека мажите биле заврзани и убиени со истрел од пиштол во главата, а гелерите биле пронајдени на местото на трагедијата. Според она што е напишано на крстот кој е пронајден веднаш до гробницата, луѓето загинале на 27 август.
Заемни обвинувања
Шефот на самопрогласената Донецка Народна Република Александар Захарченко изјави дека во моментот на убиството во Нижнаја Кринка се наоѓале силите на Националната гардија. „Луѓето биле убиени... во моментот кога силите на самоодбраната беа на оддалеченост од минимум 5-6 километри од местото на настанот. Станува збор за бесрамно злосторство“, изјави Захарченко во интервју за рускиот весник „Комерсант“.
Според мислењето на сепаратистите, злосторството го извршиле војниците на украинскиот баталјон „Ајдар“. Но, командирот на баталјонот Сергеј Мељничук категорично го демантираше обвинувањето на противниците. „Ние никогаш не сме војувале кај Донецк во пределот на рудникот Комунар (точното место каде што се погребани телата – заб. ред.). Ова го потврдува дневникот на воените дејствија кој се наоѓа во Министерството за одбрана. Ние се наоѓаме кај Луганск. Во секој случај, ние не убиваме мирно население. Поголемиот дел од војниците на „Ајдар“ се жители на Донбас, а населениот се наши земјаци“, вели Мељничук во интервју за „Комерсант“.
Советот за национална безбедност и одбрана на Украина исто така ги демантираше обвинувањата на сметка на Националната гардија за убиство на мирни жители и ваквата изјава ја нарече провокација.
Барања од Москва
Руските аналитичари се плашат дека за новото дело за воено злосторство во Украина нема да биде посветено доволно внимание и дека виновниците за ова злосторство, исто како и во случајот со палењето на Домот на синдикатите во Одеса во месец мај, ќе успеат да избегаат од правосудните органи.
„Ќе бидеме сведоци на демонстрација на двојни стандарди кога злосторствата ќе бидат премолчувани или кога нема да бидат разгледувани. Секоја од страните една на друга ќе ги префрла обвинувањата, а политичарите ќе даваат изјави кои се во согласност со условите на моменталната светска политичка конјунктура во врска со конфликтот во Украина“ вели за „Руска реч на македонски“ членот на општествениот совет при Министерството за одбрана на Русија и главен уредник на магазинот „Национална одбрана“ Игор Коротченко.
Експертот стравува дека Украина ќе ја избегнува истрагата како за време на трагедијата со МН17. „Во руското законодавство постојат одредби кои му дозволуваат на Истражниот комитет да поведе истрага против злосторниците за извршени „злосторства против човештвото“ надвор од територијата на РФ. Тоа се воени злосторства, а презимињата и имињата на украинските команданти кои се познати, потребно е да се дадат во меѓународна потерница и осомничените да се предадат на суд и на истрага“, забележува Коротченко.
Тој подвлече дека за време на слични злосторства на српските и на југословенските официјални лица во Југославија западните лидери бараа апсење на злосторниците и во многу случаи го остварија своето. „Русија исто така треба да ја добие правдата во врска со ова прашање“, додава експертот.
Официјалниот претставник на Истражниот комитет на РФ Владимир Маркин изјави дека ресорот ја проверува информацијата за погребаните во рамките на кривично дело „за примена на забранети средства и методи за водење војна против мирните граѓани на југоистокот од Украина“.
Постојаниот претставник на РФ при европското одделение на ООН Алексеј Бородавкин изјави дека станува збор за „воено злосторство“ и, како дополнување на тоа, ополномоштениот претставник за човекови права на МНР на РФ Константин Долгов, говорејќи во Советот на федерацијата забележа дека: „Сите слични злосторства извршени во контекст на казнените операции на украинските власти, треба да бидат внимателно разгледани, а не само да бидат документирани.
Министерството за надворешни работи на Русија има намера да спроведе меѓународна истрага на чело со ОБСЕ, а постојаниот претставник на РФ при оваа организација Андреј Келин веќе има испратено нота во централата на организацијата во Швајцарија со молба да се започне истрага во врска со истрагата. Претставникот на мисијата Мајкл Боцуркив за рускиот весник „Комерсант“ потврди дека набљудувачите од вторникот работат на местото на трагедијата, но не можеше да одговори на прашањето во која форма ОБСЕ може да се приклучи во истрагата.
Забелешка
Соопштението на Интернет-страницата на ОБСЕ.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче