Извор: именуван нов командант на руските сили во Сирија

Генерал-потполковник Александар Журављов ќе ја продолжи борбата со „Исламската држава“.

За командант на рускиот контингент во Сирија е назначен првиот заменик-командант на Јужниот воен округ генерал-потполковник Александар Журављов.

„Новиот командант е затворен човек. Познато е дека пред 20 години ја завршил Воената академија за тенковски сили и го поминал патот од началник на штабот на тенковски полк до командант на моторизирана дивизија на Далечниот исток. Служел некое време на Кавказ и во 2015 година беше испратен во Сирија на должноста заменик-командант на операцијата“, изјави за „Руска реч на македонски“ воениот аналитичар на „Известија“ Дмитриј Литовкин.

„Преодниот период“ за време на смената на раководството на Воздушно-космичките сили на Русија во арапската република се покажа како тежок за владините сили на Башар Асад. Тогаш милитантите на „Исламската држава“ преминаа од дефанзива во офанзива во близина на Палмира и зазедоа неколку позиции во источните предградија на градот.

„Прва задача на командантот ќе биде уништување на терористите под Палмира. За тие цели раководството на Министерството за одбрана веќе трипати примени винг од шест стратешки бомбардери Ту-22М3, од кои секој носи по осум тони распрскувачки бомби“, изјави аналитичарот.

Експертот истакна дека нападите биле извршени на 12, 14 и 21 јули во источните предградија на Палмира во реонот на Ес-Сухне и Арак.

Според неговите зборови, во врска со активностите на милитантите, Генералштабот на ВС РФ планира дополнително да ги вклучи во борбените операции и стратешките бомбардери Ту-95МС и Ту-160.

Исто така во октомври на борбената операција во Сирија се приклучи и носачот на авиони „Адмирал Кузнецов“. На бродот се наоѓаат десетина хеликоптери од типот Ка-52К „Катран“ кои првпат ќе бидат применети во реални борбени дејствија, како и 15 ловци Су-33 и МиГ-29К/КУБ.

 

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња