Багдад ќе добие воена помош „по итна постапка“

На 15 септември претставници на светските сили се сретнаа во Париз за да изнајдат начин за заедничка борба против членовите на „Исламската држава на Ирак и Левант. Извор: AP

На 15 септември претставници на светските сили се сретнаа во Париз за да изнајдат начин за заедничка борба против членовите на „Исламската држава на Ирак и Левант. Извор: AP

Во понеделник претставници на светските сили се сретнаа во Париз за да изнајдат начин за заедничка борба против членовите на „Исламската држава на Ирак и Левант“ (ИСИЛ). Земјите, по повеќечасовна дискусија зад затворени врати, ја презедоа обврската да организираат „воена помош за Ирак по итна постапка“. Меѓутоа не ги прецизираа деталите за претстојната помош во финалната декларација.

Претходно претседателот на САД Барак Обама во обраќањето до нацијата изјави дека Америка планира нанесување на прецизни удари врз позициите на борците на „ИД“. Стратегијата на Вашингтон предвидува ослабување на  центрите на групата, ограничување на финансиските текови на борците, како и барање начини за одвраќање на странци од стапување  во редовите на терористичката организација. Своите намери за приклучување на коалицијата веќе ги изразија Австралија, Велика Британија и Норвешка. Јужна Кореа, од своја страна, изјави дека ќе ги поддржи сојузниците со мирни методи со тоа што ќе достави хуманитарна помош до жртвите на бунтовниците.

Исламската држава до Путин: На пат сме за Русија
Членовите на Исламската држава, насилна група екстремисти која сега ги тероризира Ирак и Сирија, објави видео во кое му се заканува на претседателот Владимир Путин и во кое се колне дека ќе води војна во немирниот Северен Кавказ во Русија.

Позицијата и улогата на Русија во војната со ИСИЛ

Шефот на МНР РФ Сергеј Лавров изјави на средбата во Париз дека ударите врз позициите на „Исламската Држава“ во Сирија без координација со Дамаск ќе станат прекршување на меѓународното право.

„Не може да не предизвикаат загриженост јавно искажаните намери за нанесување удари врз позициите на ИСИЛ на територијата на Сирија без каква било координација со сириската влада,  рече тој. – Ќе истакнам  - терористичката закана е премногу сериозна за да може реакцијата на неа да се основа на вакви или онакви идеолошки претстави и непочитување на нормите на меѓународното право“.

Лавров исто така изјави дека Русија се залага за зачувување на независноста, суверенитетот и територијалниот интегритет на Ирак и рече дека Москва веќе им дава воена помош за борба со терористите на Ирак, Сирија и  на други земји од регионот.

„Ние се наоѓаме на истата страна на барикадите со Запад во оваа борба и тоа ќе доведе до релаксација на тензиите. Самиот живот нѐ тера да соработуваме пред лицето на заедничките предизвици и закани. Своите политички и ангажирани пристапи треба да ги оставиме настрана и да се зафатиме со решавање на главната задача – зајакнувањето на меѓународната безбедност“,  изјави за „Руска реч на македонски„ професорот на Дипломатската Академија на МНР на Русија, докторот на историски науки Александар Вавилов.

Москва и Техеран ќе си помагаат
Министрите за надворешни работи дискутираа за економијата, санкциите и за Блискиот Исток.

Нема да бидат доволни само воени мерки

„Борбата само со воени методи против ИСИЛ нема да успее, затоа што на таа група успеа да формулира идеологија која наиде на одек меѓу масите и има широка популарност меѓу младите не само на Блискиот Исток, туку и во странство“, изјави за „Руска реч на македонски„ докторот на историски науки и главниот научен соработник на Институтот за Ориентални студии на РАН Ирина Звјагељскаја. Таа додаде дека ИСИЛ во одредена мера воспостави ред на териториите што таа ги контролира, што се јавува како уште една од причините за порастот на бројот на нејзините приврзаници.

„Ударите од воздух неминовно ќе доведат до жртви меѓу цивилното население и непромислено е да се смета дека бомбардирањата ќе донесат елиминација на проблемот. Таквиот едностран пристап само ќе ги налути луѓето и ќе ги пополни редовите на ИСИЛ со нови членови“, забележа Звјагељскаја. 

Според Звјагељскаја, воените операции треба да се усогласени со напорите за воспоставување нормален економски живот на ослободените територии, за таму да нема поволна почва за ширење на идеологијата на џихадизмот. Друг важен аспект на решението на проблемот со ИСИЛ, особено во Ирак е формулирање на државна политика која би овозможила мирен соживот за Шиитите и Сунитите. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Повеќе возбудливи стории и видеа на Фејсбук страницата на Russia Beyond-Македонија