Презентација на стипендии за студии на универзитетите во Русија

Во четврток, 3 март, на Економскиот факултет при УКИМ ќе биде одржана презентација на стипендиите за студирање во Русија.

Амбасадата на Руската Федерација во Република Македонија, во соработка со Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, организира промотивен настан на кој ќе бидат презентирани видот, критериумите и условите за стипендиите за прв, втор и трет циклус студии кои се наменети за македонските граѓани, а ги доделува Владата на Руската Федерација за студии на универзитетите во Русија.

Настанот ќе се одржи на 3 март 2016 година (четврток), со почеток во 11 часот, во просториите на Економскиот факултет на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во амфитеатар 1.

Поканети се да присуствуваат сите заинтересирани граѓани кои имаат желба да се запишат на еден од универзитетите во Русија.

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња