Путин го претстави планот за решавање на кризата во Украина

Извор: ИТАР-ТАСС

Извор: ИТАР-ТАСС

Претседателот на РФ Владимир Путин го објави својот план од седум точки за прекин на крвопролевањето на југоистокот на Украина. Како што претпоставуваат руските политиколози, претседателите на Русија и Украина можеа да постигнат определен дипломатски напредок за време на директните телефонски разговори, сепак, да се очекува мир истиов момент е прерано, затоа што на многу политички сили им е потребно продолжение на конфликтот.

Седум точки 

Путин повика „да се прекинат активните офанзивни операции на вооружените сили, паравоените формации на југоистокот на Украина во правец на Донецк и Луганск“. 

Како втор составен дел за мирно решавање претседателот го наведе  „повлекувањето на вооружените единици на безбедносните сили на Украина на растојание кое исклучува можност за гранатирање на населени места со артилерија и сите видови системи за плотунски оган“.  

Во планот на Путин го нема најважното, а тоа се имено условите под кои страните ќе се договараат. Освен тоа, ми се чини дека преговорите од ваков тип можат да се водат или меѓу Киев и сепаратистите, или меѓу Москва и Вашингтон како страни кои им нудат политичка поддршка на спротивставените страни

Вадим Козјулин

виш научен соработник на „ПИР-центарот“

Шефот на Русија повикува „да се предвиди извршување на целосна и објективна меѓународна контрола за почитување на условите за прекин на огнот и мониторинг на ситуацијата настаната на тој начин во безбедносната зона“. Исто така,  за решавање на ситуацијата во Украина потребно е „да се исклучи примена на борбена авијација против цивилното население и населените места во зоната на конфликтот“. 

Како што забележа претседателот, потребно е „да се организира размена на присилно уапсени лица според формулата „сите за сите" без какви било претходни услови“ и „да се отворат хуманитарни коридори за движење на бегалците и доставка на хуманитарна помош на истокот на Украина“. 

Путин исто така го повика официјален Киев да испрати на југоисток екипи за поправка на разрушените инфраструктурни социјални и комунални објекти. 

„Конечниот договор (за решавање на ситуацијата), сметам, меѓу властите на Киев и југоистокот на Украина би можеле да бидат постигнати во текот на планираната средба на контакт-групата на 5 септември оваа година“, изјави тој. 

Почеток на крајот

„Во планот на Путин го нема најважното, а тоа се имено условите под кои страните ќе се договараат. Освен тоа, ми се чини дека преговорите од ваков тип можат да се водат или меѓу Киев и сепаратистите, или меѓу Москва и Вашингтон како страни кои им нудат политичка поддршка на спротивставените страни“, изјави за „Руска реч на македонски“ професорот на Академијата за воени науки, вишиот научен соработник на „ПИР-центарот“ Вадим Козјулин. 

Како што забележа тој, Путин ги предложи најсуштествените работи кои се блиски до  позициите кои треба да се разгледуваат во иднина. „Без оглед на сè, позицијата на претседателот може да се смета како почетна точка во решавањето на украинската криза.   Ова е многу сериозен политички предлог и можност за сегашните киевски власти достојно да излезат од ситуацијата во која самите се доведоа“, додаде Козјулин. 

Експертот додаде дека ова е реална можност да се изнесе конфликтот од виорот кој се заканува да излезе надвор од границите на Украина. 

„Во врска со тоа дека цивилната заштита на Новорусија сега води активни офанзивни дејствија, особено што ослободува села, градови, територии, а киевските трупи трпат пораз; така се создаде ситуација кога е можен прекин на офанзивните борбени дејства и обнова на политичкиот дијалог“, изјави за „Руска реч на македонски“ претседателот на Меѓународниот центар за геополитичка анализа Леонид Ивашов. 

Како што забележа тој, претставниците на самопрогласените републики ја сменија својата реторика и бараат висок статус на автономија место признавање на независноста од страна на Киев. „Подготвеноста сега, при имањето висок статус на автономија, да се остане во составот на Украина се првите сериозни отстапки од страна на Новорусија. Но, не можам да кажам дека брзо ќе биде постигнат напредок. И Киев ќе предложи сопствен план, а во суштина – ултиматум, но тоа е веќе последователен политички процес. Сега треба да се организира преживување на населението во настанатите услови и да се запрат убиствата“, смета експертот. 

Ивашов исто така подвлече дека Русија е трета страна во конфликтот и не ја игра онаа улога во решавањето на внатрешните недоразбирања во Украина која ѝ ја препишуваат меѓународните медиуми. „Треба да се договараат само две страни: Новорусија и Киев. Исто така, треба да се сфати дека Порошенко засега сè уште не управува со земјата во целост: тој може да контролира само одделни процеси. Постојат сили кои би сакале продолжение на војната. Сега се во тек големи испораки на остатоци од советската техника и муниција од поранешните земји на Варшавскиот пакт; во тек се обиди да се пополни и стави армијата во функција. И штом во Киев ќе ја почувствуваат својата воена надмоќ, мислам дека повторно ќе почнат да се обновуваат борбените дејства“, рече аналитичарот.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Повеќе возбудливи стории и видеа на Фејсбук страницата на Russia Beyond-Македонија

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња