Исламската држава до Путин: На пат сме за Русија

Извор: Ројтерс

Извор: Ројтерс

Членовите на Исламската држава, насилна група екстремисти која сега ги тероризира Ирак и Сирија, објави видео во кое му се заканува на претседателот Владимир Путин и во кое се колне дека ќе води војна во немирниот Северен Кавказ во Русија.

Порака до Путин 

Видео објавено од Ал Арабија и наводно снимено на заземен аеродром во Сириската провинција Рака прикажува борец на Исламската држава како седи во воен авион, зборувајќи:  „Оваа порака е за тебе, Владимир Путин! Ова се авионите што ти му ги испрати на Башар [ал Асад], а ние ќе ти ги испратиме тебе! Запомни го тоа!“ 

Исто така на видеото може да се слушне и гласот на руски говорител, опишувајќи ги авионите на млазен погон запленети од борците на Исламската држава. „Ова е руска технологија“, вели тој.  

Министерството за надворешни работи на Русија во официјална изјава ги осуди „ужасните злосторства“ на групата, повикувајќи ги Кина и западните земји да ги здружат силите за да помогнат да се стави крај на владеењето со терор на групата. 

Исламската Држава отворено им објави војна на САД, јасно покажувајќи го тоа со обезглавувањето на двајца американски новинари за исто толку недели. Ова е првпат членовите на групата лично да му се потсмеваат на рускиот претседател. 

„Со дозвола на Алах ќе ги ослободиме Чеченија и целиот Кавказ! Исламската држава е тука и ќе остане тука и ќе се шири со милоста на Алах!“, прикажан е борец кој го изговара ова во видеото, достапно на Јутјуб со превод на руски. 

Обраќајќи му се на Путин лично, борецот додава: „Твојот престол веќе се ниша, под закана е и ќе падне со нашето доаѓање [во Русија]. … Веќе сме на пат со милоста на Алах!“ 

Сирија и подемот на Исламската Држава 

Русија испровоцира осуда од Исламската држава поради очигледната заштита на сирискиот режим во текот на граѓанската војна во земјата. Во новото видео, радикални борци се колнат дека ќе го уништат Ал Асад, кого го нарекуваат „свиња.“ 

Сирискиот конфликт ја стави во центарот на вниманието Исламската држава, со околу 50.000 борци во земјата, според сирискиот Набљудувач за човековите права. Во јуни, членовите на групата ја презедоа контролата над неколку града во Ирак, каде што сега, според процените, има 30.000 борци на Исламската држава. 

Иако нема докази за никаква врска меѓу милитантите во турбулентниот Северен Кавказ во Русија и Исламската држава, Федералната служба за безбедност на Русија проценува дека стотици жители на Северниот Кавказ заминале да се борат во Сирија. 

Во новообјавеното видео, членовите на Исламската држава ја објавуваат истата цел како домашната милитантна група во Русија – Кавкаски емират – развој кој сигурно ќе ги алармира експертите во Русија кои предупредуваа на радикализираните борци кои се враќаат од Сирија на руска почва. 

Грозни реагира 

Чеченскиот лидер Рамзан Кадиров се вклучи на Инстаграм во средата за да ја даде првата реакција на еден руски официјален претставник на предупредувањето од Исламската држава, кое го нарече „детска закана.“ 

Сириска криза – роман со непредвидлив крај
Експертот Фјодор Лукјанов говори за своето гледиште околу конференцијата Женева-2 и тоа во еден поширок, геополитички контекст.

Во изјава објавена заедно со силно филтрирана фотографија на која тој носи маичка со кратки ракави на која е насликано лицето на Путин, Кадиров рече дека борците на Исламската држава „го кажувале само она што нивните господари од западните безбедносни служби им кажувале да го кажат.“ 

„Овие идиоти немаат ништо заедничко со исламот. Тие се очигледни непријатели на муслиманите ширум светот. Наивни луѓе одлучиле да ѝ се закануваат на Чеченија и цела Русија со два авиона. Тие можат да се качат во 2.000 авиони и пак да не стигнат до Русија,“ напиша Кадиров. 

„Изјавувам, со сета одговорност, дека секој оној што ќе им ги наполни главите да се закануваат на Русија и да го изговорат името на претседателот Владимир Путин, ќе биде уништен веднаш штом ќе го изговори, “ напиша тој, додавајќи: „Ние нема ни да го чекаме да седне зад управувачот на авионот.“ 

Во вторникот, пред објавувањето на видеото, Министерството за надворешни работи на Русија во официјална изјава ги осуди „ужасните злосторства“ на групата, повикувајќи ги Кина и западните земји да ги здружат силите за да помогнат да се стави крај на владеењето со терор на групата. 

Министерството за одбрана на Русија во понеделникот испрати неколку јуришни хеликоптери во Багдад за да ѝ помогне на војската на Ирак во борбата со Исламската држава. На почетокот на јули, за Ирак беа испорачани пет авиони-ловци Су-24.

Оригиналниот текст може да се најде на themoscowtimes.com. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.