Самитот на НАТО може да ја испровоцира Русија

Експертите се плашат од понатамошно заострување на односите меѓу Русија и земјите-членки на Алијансата. Извор: Shutterstock

Експертите се плашат од понатамошно заострување на односите меѓу Русија и земјите-членки на Алијансата. Извор: Shutterstock

Од 4-5 септември ќе се одржи првиот од почетокот на конфликтот во Украина самит на НАТО. Судејќи според информациите што протекоа во медиумите, земјите-членки на блокот планираат да донесат низа одлуки, насочени кон задржување на Русија. Истовремено, аналитичарите што ги анкетираше RBTH забележуваат дека Русија и НАТО никогаш не биле вистински партнери, а засилувањето на антируската реторека може да го испровоцира Кремљ на непропорционално цврст одговор.

Според информациите на германските медиуми, на самитот на НАТО што почнува на 4 септември, Русија може да биде официјално признаена како закана за овој блок. Освен тоа, Алијансата планира да размести во Источна Европа пет воени бази. Руските политиколози не гледаат во овие планови сериозна закана, сепак, не исклучуваат дека Кремљ може да реагира поостро од претпазливост диктирана од историското искуство.    

Можно е да бидат кажани некакви ритуални фрази за ревизија на границите и агресија на Русија, меѓутоа, од долгорочна перспектива – 20-30 години, ним ќе им одговара Русија за да го задржат приматот на условното „западно општество“ во светската политика, затоа ќе се потрудат да не ја провоцираат Москва. 

Андреј Сушенцов

агенција за аналитика „Надворешна политика“

„Овој самит ќе ја зацврсти новата состојба на меѓународните односи во Европа, застранувањето од концептот на неделивост на европската безбедност и почеток на нова, конфронтативна реалност во односите меѓу Алијансата и Русија“, - му изјави на кореспондентот на RBTH вишиот предавач на катедрата за мировна политика на Вишата школа за економија Дмитриј Суслов. Според неговото мислење, „меѓу основните решенија ќе биде декларацијата за ширење на воената инфраструктура на НАТО на територијата на новите земји-членки, отворањето на нови бази на Алијансата во земјите на Балтикот, Полска и Романија. Покрај тоа, членките на Алијансата можат да започнат со работа за ревизија на стратешкиот концепт на НАТО за да ја пропишат во него новата состојба на односите со Русија која ќе се позиционира како закана и предизвик за безбедноста на НАТО, а не како партнер. Уште повеќе, една од целите за постоењето на НАТО може повторно да биде наречена задржување на Русија“. 

Впрочем, руските политиколози велат дека Северноатлантската Алијанса никогаш не заземала пријателска позиција во однос на Кремљ. „На разговорите дека Русија повеќе не е стратешки партнер и дека на Москва не смее да ѝ се верува,  ние веќе се навикнавме последниве месеци. Од практична гледна точка тој тешко дека ќе донесе нешто ново. А за сериозно зголемување на својот потенцијал на границата со Русија, земјите на НАТО не се подготвени“, - му изјави на кореспондентот на RBTH директорот на Центарот за европски и меѓународни истражувања Тимофеј Бордачев. 

Некои политиколози сметаат дека НАТО нема да посака да оди на сериозно заострување на односите со Москва поради украинската криза. „Да, можно е да бидат кажани некакви ритуални фрази за ревизија на границите и агресија на Русија, меѓутоа, од долгорочна перспектива – 20-30 години, ним ќе им одговара Русија за да го задржат приматот на условното „западно општество“ во светската политика, затоа ќе се потрудат да не ја провоцираат Москва“, - му изјави на кореспондентот на RBTH рускиот политиколог, раководител на агенцијата за аналитика „Надворешна политика“, Андреј Сушенцов. 

Токму поради тоа, на пример, на самитот ќе биде поместено во втор план прашањето за проширување на Алијансата со земји од поранешниот СССР. „Многу земји ќе зборуваат за неопходноста од споменување во завршната декларација на самитот за можноста за прием на Украина и Грузија во Алијансата. Сепак, се надевам дека против таа формулација ќе истапат клучните европски земји (Франција и Германија), зашто вакви навестувања само ќе го засилат антагонизмот меѓу Русија и земјите на Алијансата“, - вели Дмитриј Суслов.  

Овој самит ќе ја зацврсти новата состојба на меѓународните односи во Европа, застранувањето од концептот на неделивост на европската безбедност и почеток на нова, конфронтативна реалност во односите меѓу Алијансата и Русија. 

Дмитриј Суслов

Виша школа за економија

Сепак, во Кремљ можат болно да реагираат на одлуките на НАТО и да одговорат на умерени чекори со радикални. Ова е диктирано од низа причини. Како прво, спектарот на соработка на Русија со Алијансата е толку тесен, што умерени варијанти за санкции како одговор Москва нема. Еден од малкуте умерени одговори би можела да стане ревизијата на односите со НАТО околу авганистанското прашање.  Меѓутоа вредноста на овој клучен фактор за притисок во последно време се намали сериозно. „Значењето на нашата соработка во однос на Авганистан постојано се намалува. Продолжувањето на соработката во однос на “хеликоптерскиот пакет” (се мисли на испораката на руски хеликоптери за авганистанските власти купени со пари на Пентагон и нивно техничко одржување во иднина - RBTH) е под знак прашање, а што се однесува до транзитот, протокот на товари и персонал низ руска територија постојано се намалува“, - вели Дмитриј Суслов. 

Како второ, Москва со голема веројатност ќе оди на радикални чекори поради различниот менталитет. Русија е класична континентална држава и крајно сомничаво се однесува кон секое зајакнување на противникот на нејзината периферија, и често е склона кон преувеличување на заканата (зашто потценувањето може да повлече со себе нова инвазија). Според зборовите на Тимофеј Бордачев, одлуката на земјите на НАТО за создавање нови бази во Источна Европа „ќе го засили кај руското раководство чувството на загриженост, макар што во практика тоа не претставува сериозен проблем за Москва и е потребно повеќе за да се смират источноевропските членки на Алијансата.“

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња