Извор: AFP / East News
„Помошта ќе ја добијат сите жители на Луганск на пунктовите, сега сè е измерено, во моментов ги вклучуваме волонтерите. Помошта ќе им се дава на луѓето во комплети. Сите ќе ја добијат“, вели Игор Плотницки.
Како што вели тој, во градот работат 26 пункта за давање производи што се неопходни, а кои се добиени од Русија. Минимален комплет ќе добие секој жител на градот, во кој се вклучени еден килограм ориз, еден килограм бунгур, исто толку шеќер, три конзерви месен нарезок и десет литри вода.
Со свои очи
Како што изјавува во интервју за „Руска реч на македонски“ еден од локалните жители Иван Кондратјук, хуманитарната помош се дава, пред сè, на стари луѓе, деца и на инвалиди.
„Луганск се бомбардира, така што бев принуден да заминам во соседната област додека траат воените дејствија. Лично знам дека хуманитарна помош не им се дава на сите! А, доколку и се погледне логички, секој жител на Луганск има потреба од неа: ние сите останавме без пари и без каква и да е поддршка од страна на државата. Одбраната избира кој ќе добие помош! Јас секако сум „за“ тоа најпрво да им се дава на старите лица, на децата, на инвалидите, но и на другите жители од Луганск кои имаат потреба“, вели Кондратјук.
Според него, одбраната, која за многумина се претставува во позитивно светло, не е сосема таква. Војната исто така остава свои траги врз војниците на отпорот.
„Сакам да додадам дека не поддржувам ниту една страна од конфликтот, бидејќи на многумина од истокот на Украина одамна им е јасно за нечесниот отпор, а исто така и за киевските жестоки наредби. Двете страни дејствуваат против мирните жители. Пред моето заминување од Луганск, отпорот пукаше во мојот кварт. Сето тоа се провокации“, вели господинот Кондратјук за „Руска реч на македонски“
Како што раскажува 15-годишмиот жител на Луганск Максим Сафонов, редиците за хуманитарна помош се протегаат по неколку километри. „Во принцип стојат возрасни луѓе, деца немам видено... Неколку дена пред стигнувањето на помошта непознати лица стрелаа врз централниот пазар на градот, недалеку од еден од пунктовите. Сепак, сега ситуацијата е мирна, а луѓето смирено стојат во редиците за храна“.
Еднострани дејствија на Москва
Во петокот колона од руски камиони со хуманитарна помош за жителите на југоистокот ја премина руско-украинската граница без присуство на соработници од Меѓународниот комитет на Црвениот крст и без согласност на украинската страна. Киев го окарактеризираше дејството на Москва како „директна агресија“ на украинската територија. Притоа украинските власти изјавија дека нема да употребат сила против конвојот. Како што се вели во соопштението на МНР на Украина, земјата „со цел спречување провокации“ ги дала „сите потребни дознаки за безбедно поминување на конвојот“. Министерството ги повика меѓународните партнери „да се придружат кон решително осудување на незаконските и агресивни дејствија на Руската Федерација“. Според оценката на МНР на Украина, Русија „ги нарушила клучните принципите на меѓународното право, а имено, неповредливост на границата, невмешување во внатрешните работи на друга држава и совесно исполнувања на меѓународните обврски“.
Шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров изјави дека Русија планира да направи втор хуманитарен конвој на југоистокот на Украина. Тој исто така ја подвлече желбата на Москва да спроведе преговори за доставка на товар следната недела.
„Сакаме да се договориме за сите услови на испорака на вториот конвој по истата маршрута, со истите параметри, со учество на украинските гранични служби и на царината во најскоро време“, рече Лавров на прес-конференцијата во понеделникот во Москва.
Имињата на жителите од Луганск беа изменети по нивно барање.
ООН подготви првичен план за хуманитарна помош на Украина. Во моментов организацијата бара 33.3 милиони долари.
„Сега имаме првичен план за хуманитарна помош за Украина, за која кај донаторите бараме 33.3 милиони долари. Тој предвидува обезбедување хуманитарна поддршка во низа сфери, во областа на водоснабдувањето, обезбедување живеалишта, здравствена помош и образование“, соопшти координаторот за вонредна хуманитарна помош на ООН Валери Амос.
Како што забележа таа, доколку ситуацијата се влоши, планот ќе треба да се разгледа одново и да се прошири.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче