Не го давам правото да бидам дебел!

Корисниците на рускојазичниот Интернет (Рунет) се огласија по затворањето на трите сендвичарници Мекдоналдс во Москва.

Корисниците на рускојазичниот Интернет (Рунет) се огласија по затворањето на трите сендвичарници Мекдоналдс во Москва.

Руските Интернет-корисници со хумор реагираа на затворањето на трите сендвичарници на Мекдоналдс во Москва поради нарушување на санитарните норми. Уште попикантно во ситуацијата е и тоа што една од затворените сендвичарници е онаа на Пушкинскиот плоштад, која беше всушност првата од овој бренд во Русија.

Трите сендвичарници на Мекдоналдс во Москва беа затворени на 20 август поради нарушување на санитарните норми, што ги констатираше Федералната служба за надзор во сферата на заштитата на правата на потрошувачите и добрата на човекот. Во многу други сендвичарници на Мекдоналдс низ целата земја започнаа проверки, Во исто време руските корисници на Интернет веќе успеаја да го поврзат овој настан со војната со санкции помеѓу Русија и САД, со барање на конкуренти од рускиот национален фаст-фуд, па дојдоа и до сите стереотипи поврзани со локалите на популарниот бренд на ресторани за брза храна.

Една од затворените сендвичарници е познатиот Мекдоналдс на Пушкинскиот плоштад – првиот што се отвори уште во времето на СССР и кој го означи доаѓањето на капитализмот. Многу корисници објавија фотографии од огромни редици кои се правеа пред локалот во јануари 1990 година.

@OlegSolskiy: Пред 20 години во #McDonald’s на Пушкинскиот плоштад Биг Мекот и Двојниот Чизбургер беше многу повкусен од сега...

@golub: Дедовците војуваа за дабл чиз

Касата ќе биде слободна

Некои корисници во настаните видоа политички поттекст, сметајќи дека станува збор за продолжување на војната со санкции помеѓу Русија и САД. Со ова, исто така, се поврзани многу шеги на Твитер:

@AveMisha: Молчев кога дојдоа по слободата за собирање. Молчев кога дојдоа по слободата на говорот. НО НЕ ГО ДАВАМ ПРАВОТО ДА БИДАМ ДЕБЕЛ

@ivan_f_davydov: Велат дека го затвораат Мекдоналдс поради екстремистичката парола: Слободна каса! [имено со овие зборови касиерите во Мекдоналдс во Русија им нудат на клиентите да направат нарачка – заб. ред.]

@Dobrokhotov: Поминувам пред празен Мекдоналдс, новинарите земаат изјави од зачудените луѓе за американско-руските односи

@twitted_knitter: 2016 година. Пратеник на Државната дума, откако дознал дека нема што повеќе да се забранува, го клоцна кучето.

Русите јадат опинци

Други, пак, во затворањето на сендвичарниците видоа можност за конкурентите и за рускиот национален фаст-фуд:

@korobkov: Колку дала „Крошка картошка“ [руски синџир сендвичарници кои нудат компири со разни сакати како прилог – заб. ред.] за затворање на трите Мекдоналдси?

@Sandy_mustache: Сергеј Собјанин [градоначалникот на Москва – заб. ред.] изјави дека до крајот на годината во Москва ќе се отвори синџир кулебјачичници [сендвичарници што ќе продаваат кулебјак – руска национална пита со месо. Ова е шега – заб. ред.].

На крајот, останатите корисници не ја пропуштија можноста да се пошегуваат во врска со рестораните за брза храна со темите: штетноста на храната и неквалификуваната работна сила.

@crazy_kutas: Во Москва масовно ги затвораат сендвичарниците Мекдоналдс. Каде ќе работат сега социјалците?

@KolyaKulikov: Како приврзаник на здравата исхрана ја поддржувам иницијативата за Мекдоналдс. Како граѓанин со мочен меур сум во паника! [во сендвичарниците Мекдоналдс во Русија тоалетите се бесплатни, така што некои луѓе влегуваат во рестораните само за да ги посетат нив – заб. ред.]

@yasviridov: Мекдоналдс има три мишелин-ѕвезди на смртта.

@twitted_knitter: Внимание, Мекдоналдс се затвора! Следната станица е убава става. [На ваков начин во московското метро се означува затворањето на вратата од вагонот и се најавува следната станица – заб. прев.]

Онлајн изданието на „The Village“, во исто време, објави фото-репортажа исполнета со жал од затворениот Мекдоналдс на Пушкинскиот плоштад.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња