Forbes го прогласи Путин за највлијателен човек во светот

Путин втора година по ред е на врвот на рејтингот.

Втора година по ред рускиот претседател Владимир Путин се наоѓа на врвот на рејтингот на највлијателни луѓе во светот според американското списание Forbes.

Forbes го прогласи Путин за „руски самодржец“, и забележува дека претседателот на Русија „често ја покажува својата моќ не само во татковината, туку и на светската арена“.

Списанието пишува дека лидерството на Путин во рејтингот уште во 2013 година предизвика бурни дискусии. „Но во годината кога Путин го приклучи Крим, индиректно учествува во војната во Украина, потпиша договор во износ од 70 милијарди долари со Кина за изградба на гасовод - нашиот избор беше едноставно пророчки“, пишува списанието.

Како и во 2013 година, второто место во рејтингот го зазеде претседателот на САД, Барак Обама. На третото место се најде кинескиот лидер - Си Ѓинпинг. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња